
За компанијата: Предизвиците во областа на човечките ресурси не се само наша секојдневна работа, туку се и наша страст. Нашето знаење и експертиза ни дозволуваат да имаме уникатен пристап кон секоја задача. Нашите клиенти...
повеќе за компанијата »Ние сме ДЕКРА, германска компанија која веќе 16 години е лидер на македонскиот и регионалниот пазар во областа на ХР услуги. Доаѓаме од култура каде што силно веруваме дека тимската работа води кон успех, а нашата цел е да ги споиме луѓето и работата. Растејќи континуирано, во моментов бараме нов член на нашиот тим:
- Специјалист за човечки ресурси
ОПИС НА РАБОТНАТА ПОЗИЦИЈА
- Имплементација и реализација на процеси на регрутација и селекција на кадри;
- Учество и реализација на истражувања на пазар на труд во различни индустрии;
- Работа на проекти во областа на ЧР ( employer branding, тренинзи, проценки, организација на team building activities, работа на интернационални и регионални проекти, консултации во областа на човечки ресурси);
- Комуникација и координација со клиенти.
КВАЛИФИКАЦИИ
- ВСС во областа на психологија ќе се смета за предност;
- Минимум 3 години претходно работно искуство во областа на ЧР;
- Одлично познавање на англиски јазик;
- Познавање на MS Office.
ПРОФЕСИОНАЛНИ ЗНАЕЊА И СПОСОБНОСТИ
- Насоченост кон постојан развој и подобрување на сопствените вештини и знаења;
- Способност за самостојна работа и работа во тим;
- Висок степен на одговорност, ефикасност и ефективност;
- Одлични комуникациски вештини.
ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ
Сите заинтересирани кандидати кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите професионални биографии можат да ги проследат на: rabota.arbeit.mk@dekra.com со назнака на позицијата за која аплицираат.
Крајниот рок за аплицирање е најдоцна до: 04.07.2022
Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју.
*Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на ДЕКРА Арбеит Македонија и истите да бидат зачувани во дата базата на ДЕКРА.
Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на електронската пошта: [најави се за да го видиш е-маилот]
Слични огласи »