Skopje Marriott Hotel лого

Хаусмајстор/ Maintenance

За компанијата:

Skopje Marriott Hotel е луксузен хотел со 5 ѕвезди, сместен во самиот центар на Скопје, на плоштад „Македонија“. Хотелот комбинира модерен дизајн со елегантен стил и нуди врвна услуга за... повеќе за компанијата »

(преземи го огласот како PDF)

Одговара на барањата за поправка. Комуницира со гостите/клиентите за да ги реши проблемите со одржувањето. Изведува превентивно одржување на алатите и опремата, вклучувајќи чистење и подмачкување. Врши визуелна проверка на алатите, опремата или машините. Носи опрема (на пример, алат, радио). Идентификува, лоцира и управува со сите затворачки вентили за опремата. Ги одржува инвентарот за одржување и потребните делови и залихи по потреба. Евидентира информации за незавршени работи пред промена на смената.

Ги следи сите политики и процедури на компанијата за безбедноста; пријавува било какви проблеми со одржување, безбедносни опасности, несреќи или повреди; завршува обука за безбедност и заштита при работа; правилно ги складира запаливите материјали. Се грижи за сопствениот изглед, изгледа уредно и професионално, ги заштитува информациите и средствата на компнијата. Ги поздравува гостите согласно стандардите на компанијата, ги предвидува и одговара на потребите и барањата на гостите, им помага на лицата со посебни потреби. Се придржува кон стандардите за квалитет. Развива и одржува позитивни работни односи со колегите, обезбедува поддршка на тимот со цел постигнување на зеднички цели, слуша и одговара соодветно на проблемите на колегите. Комуницира користејќи јасен и професионален вокабулар. Се движи, крева, носи, турка, влече и поставува предмети со тежина помала или еднаква на 23 кг без помош. Се движи нагоре и надолу по скали и сервисни рампи. Посегнува над главата и под колената, вклучувајќи виткање, извртување, влечење и наведнување. Врши други разумни работни должности на барање од супервизорите.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »