Скопски Легури ДООЕЛ Скопје лого

Електроинженер

За компанијата: Скопски Легури е компанија за феролегури која што сака да ја зацврсти својата позиција во индустријата за феролегури како ефикасен производител и извозник на феролегури повеќе за компанијата »

(преземи го огласот во Word)

Скопски Легури ДООЕЛ е производител на феролегури. Заради рестартирање на производствениот процес отворени се нови работни места.

Скопски Легури бара ЕЛЕКТРОИНЖЕНЕР

Очекувани квалификации, потребни знаења и способности:

- Диплома за завршено високо образование, Електро-  технички Факултет насока високисреден напон;                                                                                                                                                        

- Претходно работно искуство на иста или слична позициjа минимум 3 години;

- Познавање на процесот на работа во одделот за електро одржување;

- Познавање на законски прописи во областа на безбедност при експлоатација и изведување на работи  за висок, среден и низок напон;

- Познавање на експлоатација, инсталација и пуштање во употреба на индустриска електрична опрема;

- Напредни комуникациски, организациски и планирачки способности;

- Познавање и активно користење на пишан и говорен англиски јазик ;

- Користење на MS Office пакетот, работа во Auto CAD ќе се смета за предност.

Главни одговорности и обврски:

- Ја организира, контролира и координира работата во одделот за електро одржување ;

- Го организира тековно обезбедување во работна состојба електро комуникации и   опрема, одржување, ремонтни работи и отстранувањето на неисправноста на истите;

  • Подготовка на барања, буџети за тековно одржување и инвестиции, контрола за нивното извршување;                                                                                      
  • Организира тековни ремонти на електро постројките и опремата и инвестициски проекти во дел на електрика;

- Придонесува за оптимално функционирање на процесот, максимално искористување на капацитетите, организирање на човечките ресурси, а сето тоа со максимално ангажирање за безбедно извршување на задачите;

  • Контрола за квалитетно и навремено извршување на обврските од страна на компаниите изведувачи  на услугите од електро областа;
  • Учествува во прием на електро опрема и материјали при набавка како дел од комисиjата на друштвото.

Компанијата нуди:

Работа со редовно работно време од 40 часа неделно, прва смена, со обезбеден оброк, годишен одмор од 24 работни дена, во конкурентна средина и одличен финансиски надомест со потенцијал за напредување.

Заинтересирани апликанти, Ве покануваме да ја доставите вашата Биографија на

[најави се за да го видиш е-маилот] со назнака за - Оглас за Електроинженер, апликациите ќе се прифаќаат до 15.03.2023 година.

Само потесно селектирани кандидати ќе бидат контактирани.

Ви благодариме за вашиот интерес.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · забава · hr вести · hr совети · блог
барај огласи за вработување »