
За компанијата: За нас
Друштвото за обезбедување на лица и имот НИКОБ ДОО експорт-импорт Скопје е основана во 1995 година во Скопје и е првата компанија за обезбедување во Македонија која е судски регистрирана. Лојалноста,...
повеќе за компанијата » Поради проширување на својот тим, НИКОБ ДОО Скопје објавува оглас за вработување на:
АГЕНТ ЗА МАРКЕТИНГ
Потребни квалификации:
- Завршено високо образование од областа на маркетинг или односи со јавност
- Возачка дозвола Б категорија
- Познавање на англиски јазик
- Познавање на работа со компјутери (MS Office)
- Најмалку 3 (три) работно искуство во струката
Опис на работни обврски:
- Осмислува, развива и имплементира годишен маркетинг план за фирмата и дизајни за сите корпоративни материјали на фирмата;
- Осмислува креативни решенија и рекламни кампањи за печатени, ТВ, радио и интернет медиуми;
- Изработка на медиа планови, весник - информатор на фирмата и апдејт на интернет страницата на фирмата и постојана комуникација на социјалните мрежи;
- Го испитува пазарот за потреби од понуда на нови услуги и континуирано следење на конкуренцијата;
- Се грижи за редовно одржување контакти со коминтентите и јавноста за информирање и формирање позитивна слика;
- Подготвува материјали за маркетинг настапи и ги организира истите;
- Подготвува сценарија за снимање на рекламни спотови;
- Врши промоција на нови пакети услуги и опрема;
Дополнителни квалификации:
- Професионалионален и љубезен однос кон клиентите;
- Способност за индивидуална и тимска работа;
- Лојалност, самоиницијативност, темелност, енергичност;
- Одлични комуникациски вештини;
- Организираност и одговорност;
Компанијата нуди:
- Динамична работна средина;
- Редовни месечни примања;
- Постојани обуки, тренинг и можност за напредок во кариерата;
Ако во горенаведеното работно место препознавате предизвик за својата кариера и ги исполнувате бараните услови, Ве молиме испратете ја вашата биографија на следниот e-mail: [најави се за да го видиш е-маилот]
Слични огласи »