СЕТЕК сé од техника е лидер во областа на ИТ, Аудио видео и белата техника, кој на македонскиот пазар е присутен 26 години. СЕТЕК сé од техника ја поседува најголемата дистрибутивна мрежа во Македонија која ја сочинуваат повеќе од 500 активни партнерски фирми – соработници и кооператори. Истовремено СЕТЕК сé од техника има и свој малопродажен ланец кој континуирано се развива и моментално брои околу 350 вработени.
Ние веруваме дека нашите вработени се движечката сила на нашата компанија и затоа креираме едно модерно и здраво работно опкружување со еднакви прилики и можности за сите вработени.
• Наша цел е да регрутираме, мотивираме и да ги задржиме најдобрите луѓе, додека во исто време креираме позитивен баланс меѓу работното време и личниот живот на нашите вработени.
Горди сме на тоа што го имаме веќе постигнато, но секогаш се стремиме кон подобро и затоа потребни ни се ентузијасти, способни и лојални кандидатаи:
РЕФЕРЕНТИ ЗА ПРОДАЖБА во Сити Мол-Скопје
Потребни квалификации:
• Минимум ССС;
• Поседување вештини на продажба
• Пожелно, но не е неопходно претходно работно искуство со продажба во некои од овие области: ИТ, ТВ, Aудио и Видео;
• Познавање на работа со компјутер, Microsoft Office пакетот, Интернет пребарувачи;
• Познавањето на англискиот јазик ќе се смета за предност;
• Способност за комуникација со купувачот
• Способност за тимска работа
Одговорности и работни задачи:
• Услужување на купувачите
• Работа на каса
• Прием на производи за продажба, изложување и грижа за состојбата на истите
Ние нудиме:
- Работа во динамична средина со тим на професионалци
- Работа во две смени, 40 часа неделно
- Можност за континуирана надградба и развој во кариерaта
- Обуки за напредок во кариерата
Доколку сте заинтересирани за интересна и динамична работа, а воедно го поседувате потребното образование, квалификации за успешно извршување на работните задачи, испратете ја Вашата кратка биографија (CV) - ЗАДОЛЖИТЕЛНО, со слика не постара од 6 месеци на e-mail адресата [најави се за да го видиш е-маилот] .