
За компанијата:
Специјализирани за искуство со клиенти, продажба и маркетинг преку гласовни и дигитални канали.
повеќе за компанијата »Го познаваш германскиот јазик и сакаш да комуницираш со родени говорители од Германија, да ги подобриш своите јазичните познавања, да стекнеш нови знаења и да усовршиш некои вештини клучни за твојата понатамошна кариера? Тогаш работата како Специјалист за техничка поддршка со германски јазик во нашата компанија можеби е совршена можност за тебе и за проширување на твоите хоризонти, како на лично така и на професионално ниво!
Што можеш да очекуваш од првиот ден на твојот работен ангажман?
- Конкурентна плата од 43.000 денари
- Можност за договор за вработување после завршување на обуката
- Целосно платена обука
- Месечен систем за наградување
- Месечен бонус за редовност
- Бонуси за препораки на пријател
- Пријатна и динамична работна атмосфера од строгиот центар на градот Скопје
- Можност за личен и професионален напредок - новиот тим штотуку се формира и ќе бидат потребни идни лидери
Стани дел од новиот германски тим и усовршувај се себеси додека обезбедуваш пријатно корисничко искуство на безброј корисници ширум светот!
Комуникацијата со корисниците во еден твој работен ден би го вклучувала следново:
- Одговарање на дојдовни повици и сослушување на барањата и потребите на корисниците на една од светските водечки телекомуникациски компании
- Обезбедување на професионална техничка поддршка за решавање на одреден технички проблем
- Давање на насоки и совети за подобрување на услугата која корисниците ја користат или на која се претплатени
- Проценување на потребите на корисниците и промоција на соодветна понуда која ќе ги задоволи истите
Како да знаеш дека ти си вистинската личност за нашиот тим?
- Одлично зборуваш германски јазик
- Имаш одлични комуникациски вештини
- Сакаш да им помагаш на луѓето околу тебе
- Љубопитен си и сакаш да учиш нови работи
- Тимски играч си и уживаш во динамично опкружување
- Имаш претходно работно искуство со корисничка поддршка/продажба
- Сакаш да се подобруваш и развиваш себеси од личен и професионален аспект
Зошто токму City Connect?
Доколку се запрашаш „Зошто City Connect“, одговорот е многу едноставен: поради нашата организациска култура. Во City Connect ги ставаме нашите вработени на прво место, се грижиме за нив во секоја смисла на зборот, го слушаме нивниот глас, го поддржуваме нивниот професионален развој и напредок давајќи им еднакви можности. Во City Connect ги промовираме разновидноста и инклузивноста, почитта, лојалноста, довербата и соработката. Стани и ти дел од нашето големо семејство!
Доколку си заинтересиран/а да дознаеш нешто повеќе, аплицирај на следниов линк: https://cityconnectnorthmacedoniatranscom.recruitee.com/o/skopje-110 и ќе те исконтактираме веднаш! Интервјуата се во тек!
Слични огласи »