
За компанијата: ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје е Друштво за неживотно осигурување кое се стреми кон брз развој и зголемено учество на пазарот на осигурување во Република Северна Македонија. На нашите вработени им нудиме динамична...
повеќе за компанијата »Извршител: 1
- ВСС 7/1 степен, Факултет и посебно Овластување за ревизор;
- 8 години работно искуство;
- Најмалку 3 години работно искуство во областа на осигурувањето;
- Познавање и работа на компјутери; и
- Пожелно е познавање на англискиот јазик.
- Опис на работите и задачите:
- Врши целосна ревизија на работењето на Друштвото со цел да се утврди дали Друштвото работи согласно Законот за супервизија на осигурување и останатите Закони;
- Ги извршува и задачите определени со Годишниот план за ревизија кој го донесува Одборот на директори на Друштвото;
- Најмалку два пати годишно, изготвува извештаи за спроведената внатрешна ревизија, односно за своето работење изготвува квартални извештаи по изминување на секој квартал од годината;
- Изготвува годишен извештај за внатрешната ревизија и истиот го поднесува до Одборот на директори на Друштвото за мислење и до Агенцијата за супервизија на осигурување;
- Доколку при спроведување на внатрешната ревизија се утврди дека Друштвото ги повредило правилата за управување со ризик и како резултат на тоа му претстои неликвидност или несолвентност, или е доведена во опасност сигурноста на работењето на Друштвото, веднаш за тоа го известува Одборот на директори на Друштвото и;
- Врши други работи согласно Законот за супервизија на осигурување и по барање на Одборот на директори и Извршниот директор на Друштвото.
Останати огласи »