
За компанијата: Најголем избор на високо квалитетни и економични клима уреди од најпознати светски и регионални брендови.
повеќе за компанијата »КЛИМИ.мк како дел од реномираниот бренд на ТИМ КОРПОРЕЈШН ДООЕЛ поради проширување тимот објавува оглас за отворено работно место на позиција МОНТАЖА/СЕРВИС на клима уреди.
ОПИС НА ЗАДАЧИ:
- Монтажа на резиденцијални и комерцијални уреди за климатизација.
- Сервис и одржување на уреди за климатизација.
- Обезбедување квалитетна поддршка/едукација кон крајните корисници и помош поврзани со производите кои ги нудиме.
- Работа во 1ва смена.
БАРАНИ КВАЛИФИКАЦИИ И ВЕШТИНИ:
- Минимум средно завршено образование
- Минимум 2 години претходно искуство со монтажа/сервис на клима уреди и/или фриготехника.
- Напредно познавање на работа на клима уреди и фриготехника.
- Возачка дозвола мин. Б-категорија.
Доколку сте заинтересирани и ги исполнувате барањата наведени погоре ве молиме испратете го вашето CV на следнава е-маил адреса: [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака: Оглас за вработување на МОНТЕР/СЕРВИСЕР.
По пристигнување на сите апликации ке се направи селекција на кандидати кои ќе бидат повикани на разговор/интервју. За повеќе информации може да не контактирате на 070 731 353.
Останати огласи »