
За компанијата: Аспектус Фарма е иновативна и кооперативна компанија со висок интегритет, што и овозвожува високо квалитетно производство на лекови и воспоставување партнерства со глобалните фармацевтски компании за да...
повеќе за компанијата »АСПЕКТУС ФАРМА ДОО с.Бунарџик Илинден е Фармацевтска Компанија која е ориентирана кон високо квалитетно производство на лекови во Република Северна Македонија.
Директор на Производство
Задолжително е пријавените кандидати да ги исполнуваат следните услови:
- ВСС (дипломски или постдипломски студии во областа на фармација);
- Завршена специјализација по фармацевтска технологија;
- Минимум 3 години соодветно работно искуство во производство на цврсти фармацевтски дозирани форми;
- Одлично познавање на MS Office - пакетот и интернет пребарувачите;
- Задолжително познавање и непречена комуникација (писмена и усна) на англиски јазик;
- Способност за самостојна работа, посветеност, организациски и комуникациски способности, ентузијазам за нови знаења и техники, лојалност, тимска работа, флексибилност.
Работни задачи:
- Раководи со целокупната работа во Сектор Производство;
- Го организира и ускладува процесот на работа во Сектор Производство во координација со останатите сектори;
- Ги координира и контролира процесите и активностите во Сектор Производство;
- Обезбедува услови за непречено изведување на процесите согласно начелата на Добрата Производна Пракса;
- Врши проценка на перформансни индикатори за сите вработени во Секторот Производство;
- Воведува нови технологии и врши нивна оптимизација;
- Спроведува и врши контрола при валидација на процесите и валидација на чистење;
- Врши контрола при изработка на производствената документација (производни протоколи, стандардни оперативни постапки и сл.)
- Одговара непосредно на Генерален Директор.
Дополнителни информации:
Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите биографии можат да ги испратат на е-маил: [најави се за да го видиш е-маилот]
Слични огласи »