
За компанијата:
Македонијатурист а.д. Скопје е најголемата и најуспешната компанија во областа на хотелиерството и ресторанските услуги во Република Северна Македонија која работи успешно располагајќи со 5 (пет) хотели... повеќе за компанијата »
Активни огласи од Македонијатурист АД Скопје:
Собарки
„МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ АД Скопје има потреба од вработување на
ХИГИЕНИЧАРИ
Локација на работа: Хотелите и објектите во состав на „Македонијатурист“ АД – Скопје
Работно време:Полно работно време
ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО „Македонијатурист“ АД – Скопје вработува одговорни и посветени хигиеничари, кои ќе бидат задолжени за одржување на хигиената и чистотата во хотелските и деловните објекти на компанијата, согласно утврдените стандарди за квалитет и хигиена.
РАБОТНИ ЗАДАЧИ
- Чистење и одржување на заеднички простории, ходници, канцеларии и санитарии
- Чистење на хотелски соби и придружни простории (доколку е потребно)
- Празнење корпи за отпад и правилно селектирање на отпад
- Користење средства и опрема за одржување хигиена
- Одржување ред и чистота на работното место
- Почитување на интерните правила, хигиенски и безбедносни стандарди
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ
- Минимум основно или средно образование
- Претходно работно искуство на слична позиција ќе се смета за предност
- Одговорност, дисциплина и точност
- Способност за самостојна и тимска работа
- Подготвеност за работа во смена (доколку е потребно)
ШТО НУДИ „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“
- Редовна и стабилна плата
- Регрес за годишен одмор (К-15)
- Топол оброк
- Долгорочно вработување по пробен период
- Работа во најголемиот хотелски систем во државата
- Пријатна и динамична работна средина
КАКО ДА АПЛИЦИРАТЕ Заинтересираните кандидати може да испратат CV на:
[најави се за да го видиш е-маилот]
Рок за аплицирање: 10 дена од денот на објавување на огласот.
Слични огласи »