
За компанијата: ИЦС ГРУП ДОО - Скопје е фирма , која врши проектирање, продажба и изведба на системи за греење, ладење и вентилација, како и техничко - консултантски услуги. Својата политика и концепција на работа...
повеќе за компанијата »СЕРВИСЕР во обука, за сервисирање на клима уреди
Цел на работното место: Сервисирање на клима уреди и топлотни пумпи од премиум брендот DAIKIN, работа на објекти на одржување на системите за греење и ладење, пуштање на опремата во работа и сл.
Квалификации:
- Без или со минимално искуство на исто или слично работно место
- Диплома од средно стручно образование (предност Електротехнички или Електромашински смер)
- Поседување на возачка дозвола Б категорија и активен возач
- Основни познавање на MS Office пакетот
Вештини/ способности:
- Предиспозиции за работа со фреонски инсталации и струјни електрични инсталации /работа на терен
- Желба за учење и развој и надградување на знаењето
Клучни лични карактеристики: Комуникативност и работа во тим, самоиницијативност, прецизност и точност, одличен однос кон детали, педантност, уредност, лична одговорност.
Ние нудиме:
- Опсег на нето плата во зависност од искуството
- Дополнителни бонуси според учинокот и постигнатите резултати
- Дополнително приватно здравствено осигурување
- Работно време од понеделник до петок од 08:00 до 16:00 часот
- Програми за личен и професионален развој (работа со ментор)
- Работа со најквалитетните брендови
Работната позиција е во Скопје.
Сите заинтересирани кандидати своето CV може да го испратат на следнава e-mail адреса [најави се за да го видиш е-маилот] (со назнака за работно место Сервисер во обука)
Слични огласи »