Самеримпекс Импулси (www.impulsi.com.mk) компанија за менаџмент и консалтинг за свој долгогодишен клиент со дејност во кетеринг услуги, кој работи со големи домашни и интернационални клиенти, согласно стандардите HACCP и ISO 9001:2008, поради проширување на бизнисот низ цела Македонија ја нуди следната работна позиција:
Готвач - Одговорен за готвење на храна за кетеринг согласно налозите и нормативите, координација со колегите готвачи и организација на помошниот персонал, реализација на распоредите за испорака на храната, одржување на хигиената во кујната, почитување и имплементирање на политиките и процедурите за безбедност и здравје и другите компаниски политики и процедури. Со минимум 3 години искуство.
Ги поттикнуваме сите заинтересирани кандидати да се пријават поднесувајќи писмо за интерес и кратка биографија на [најави се за да го видиш е-маилот] , наведувајќи ја позицијата. Квалификуваните кандидати ќе бидат повикани за учество во процедурата за селекција. За дел од работните места предвидена е обука за вештини за соодветното работно место.