
За компанијата: Предизвиците во областа на човечките ресурси не се само наша секојдневна работа, туку се и наша страст. Нашето знаење и експертиза ни дозволуваат да имаме уникатен пристап кон секоја задача. Нашите клиенти...
повеќе за компанијата » Во име на својот клиент, La Piz powered by Darvage, современ изведувач на станбено-деловни објекти за квалитетно домување со врвна архитектура, висока естетика и имплементирани технолошки решенија, ДЕКРА ја огласува следната работна позиција:
- ГРАДЕЖЕН ИНЖЕНЕР/ АРХИТЕКТ
ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО:
- Одговорен за успешно и квалитетно известување на објектите и врши непосредна контрола врз изградба на објектите;
- Следење, реализација, проверка на количините на материјалите и потврда за нивната веродостојност вградена во месечните, годишните, збирните ситуации за извршените работи;
- Грижа и надзор за навремено водење на градежните книги, дневници и решенија за одговорните лица на изведувачите на објектите;
- Координација и налог за постапување на изведувачите и на другите субјекти;
- Правење спецификација на потребните материјали за работа согласно Предмет пресметка и Динамички план;
- Раководење, обезбедување и координирање на проекти и усогласување, контрола и синхронизација на сите фази на изведба;
- Навремено обезбедување на потребните ресурси ( работна сила, опрема и материјали) од почеток до крај со внимание на буџетските ограничувања.
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:
- ВСС, соодветно високо образование ( Градежен факултет, Архитектонски факултет);
- Минимум 2 (две) години работно искуство во областа;
- Познавање на MS Office пакетот, AUTOCAD и интернет;
- Познавање на англиски јазик;
- Возачка дозвола Б категорија, активен возач.
ПРОФЕСИОНАЛНИ ЗНАЕЊА И СПОСОБНОСТИ:
- Способност во организирање на ресурси и поставување на приоритети;
- Одлични организациски вештини со флексибилен пристап кон работите и ориентираност кон изнаоѓање на решенија;
- Способност за тимска работа;
- Лојалност, иницијативност, темелност, енергичност;
- Способност за работа под притисок и во дадени рокови;
- Работа на повеќе проекти истовремено.
ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ
Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови своите професионални биографии можат да ги испратат на: [најави се за да го видиш е-маилот]
Ќе бидат контактирани само оние кандидати кои ќе влезат во потесен избор.
Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.
*Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на ДЕКРА Арбеит Македонија и истите да бидат зачувани во дата базата на ДЕКРА.
Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на електронската пошта: [најави се за да го видиш е-маилот]
Слични огласи »