НЈСК ХОЛДИНГ ДООЕЛ Скопје е компанија од фармацевтска индустрија лоцирана во Скопје, за одгледување и екстракција на канабис за медицинска употреба. Заради зголемен обем на работата, НЈСК ХОЛДИНГ ДООЕЛ има потреба од вработување на следната работна позиција:
Хемиски инженер - 1 Извршител
Потребни квалификации:
- Стручна подготовка: Дипломиран инженер по хемија
- Без работно искуство (претходно работно искуство ќе се смета за предност)
- Одлично познавање на англиски јазик
- Одлично познавање на MS Office
- Самоиницијативност при извршување на работните задачи
- Способност за тимска работа
- Способност за работа под притисок
- Работа со дадени рокови
Работни задачи:
Преку дефинирани задачи, инженерот ќе придонесува за оптимално функционирање на процесите на екстракција, евапорација, декарбоксилација и дестилација, добивање на квалитетен производ и максимално искористување на капацитетите.
Активно учествува во следење и изработка на потребната документација поврзана со процесите, вклучувајќи стандардни оперативни постапки, протоколи, упатства, записи, обрасци итн.
Сите заинтересирани кандидати да аплицираат електронски на [најави се за да го видиш е-маилот] или да ја испратат апликацијата по пошта на НЈСК ХОЛДИНГ ДООЕЛ Скопје, бул. Борис Трајковски бр.73 (Управна зграда ОХИС АД) Скопје.
Огласот е активен 7 (седум) дена од денот на објавување.