
За компанијата:
Новомак, од скромните почетоци во 2006 година, со напорна работа и истрајност, постојано го зголемува обемот на своите деловни активности, паралелно со зголемување на деловните капацитети, како и бројот... повеќе за компанијата »
Новомак е еден од најголемите дистибутери во Македонија на репроматеријали за изработка на мебел.
Новомак претставува функционалност и креативност, доверливост и развој, само со една цел да им биде на услуга на нашите клиенти, бидејќи услугата, брзата испорака на нарачките, сервисот и задоволството на коминтентите е приоритетна цел на Новомак. Со цел да одговориме на потребите на пазарот, односно да го задоволиме растечките потреби на нашите коминтенти и брзата динамика на работењето, Новомак константно работи на зголемување на својот асортиман на производи, услугата, сервисот и логистичкиот центар.
Во моментов имаме потреба од проширување на својот тим, на позиција:
МАГАЦИОНЕР - ВИЉУШКАРИСТ
Одговорности и задачи:
- Задолжен за комплетна организација за прием, пренос и издавање на роба
- Изработка на потребна документација
Потребни квалификации:
- Минимум средно образование
- Најмалку 2 години работно искуство со возење виљушкар
- Лиценца за работа со виљушкар
Профил на личност:
- Организираност и одговорност
- Самоиницијативност и енергичност
- Способност за тимска работа
- Способност за работа под притисок и на кратки рокови
Кандидатите треба да ги исполнуваат општите услови предвидени со законот на РМ. Вработувањето е на неопределено време.
Своето CV со слика доставете го на [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака "Магационер - Виљушкарист"
Слични огласи »