
За компанијата:
Новомак, од скромните почетоци во 2006 година, со напорна работа и истрајност, постојано го зголемува обемот на своите деловни активности, паралелно со зголемување на деловните капацитети, како и бројот... повеќе за компанијата »
Новомак, еден од најголемите дистибутери во Македонија на репроматеријали за изработка на мебел, има потреба од вработување на кандидат за следната работна позиција:
ДИГИТАЛЕН МАРКЕТЕР
Го прошируваме маркетинг тимот на Новомак и за таа цел бараме професионалец кој ќе биде вклучен во маркетинг активностите на дневна база. Идеалниот кандидат пожелно е да поседува искуство и да биде проактивен дигитален маркетер кој заедно со тимот ќе го развива брендот.
Одговорностите подразбираат:
- Развивање и спроведување успешна стратегија за дигитален маркетинг, која целосно ќе биде во согласност со постоечките стратешки маркетинг програми;
- Ќе го зголеми онлајн присуството на компанијата преку активности како SEO, SEM, блогови, социјални медиуми, вебсајт маркетинг и e-mail кампањи, и ќе работи на подобра и поефикасна inbound маркетинг стратегија;
- Ќе работи на подобрување на SEO на веб страницата и зголемување на посетите, органски и преку платени активности, со цел да се подобри интеракцијата и конверзиите;
- Да ја следи постоечката, да создава нова информативна и интересна содржина за таргетираната публика;
- Да создава, применува и раководи со стратегијата за социјални медиуми, а притоа развива и одржува повеќе профили на социјалните медиуми, и комуницира со инфлуенсери од индустријата за да стекне нови медиумски барања;
- Го поддржува развојот на постоечките и на нови материјали за кампања, како креирање содржини, слики и видеа;
- Помага во креирањето содржини согласно календарот за креирање и уредување содржини, и согласно истиот уредува и планира конкретни маркетинг кампањи во даден временски период;
- Мери, проценува и поднесува извештаи за успешноста на сите активности поврзани со дигиталниот маркетинг, оценува цели користејќи ги податоците за да унапреди идни стратегии;
- Ефективно и навремено култивира интересенти (leads) за тимот на продажба;
- Спроведува други маркетинг должности кога е потребно.
Знаења, вештини и образование:
- Докажано искуство во дигитален маркетинг, особено во примена на онлајн стратегии, со примери на успешни проекти и докажани резултати;
- Одлични комуникациски (усни и писмени) и интерперсонални способности;
- Способност за функционирање во динамична средина, со изострено око за детали;
- Иницијативност, со способност за извршување повеќе задачи;
- Креативност и само-мотивираност;
- Силни стратешки, аналитички вештини;
- Тимски играч мотивиран целосно да го унапреди маркетинг потенцијалот.
Технички вештини:
- Искуство со SEO алатки;
- Практично познавање на Google Ads, Google Analytics и Google Tag Manager;
- Одлично познавање на MS Office;
- Искуство со софтвер за дизајн е задолжително;
- Работно познавање на HTML и CSS и WordPress ќе се смета за предност.
Кандидатите треба да ги исполнуваат општите услови предвидени со законот на РМ. Вработувањето е на неопределено време.
Своето CV (со слика) и портфолио доставете го на e-mail: [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака "Дигитален маркетер".
Непотполни документи нема да бидат разгледувани!
Слични огласи »