
За компанијата:
Новомак, од скромните почетоци во 2006 година, со напорна работа и истрајност, постојано го зголемува обемот на своите деловни активности, паралелно со зголемување на деловните капацитети, како и бројот... повеќе за компанијата »
Новомак е специјализирана компанија со седиште во Скопје, водечки дистрибутер и ексклузивен застапник на репроматеријали за изработка на мебел од бројни реномирани европски брендови. На македонскиот пазар целиме кон достигнување на врвната позиција во однос на квалитет и препознатливост. Развиваме организација со разбирање за тековните трендови и социјални аспекти, во кои што ги интегрираме предностите стекнати со долгогодишната традиција. Градиме кооперативна култура и усовршување на вработените, кои се нашата движечка сила. Доколку сакаш да бидеш дел од нашата визија и мисија, те повикуваме да аплицираш за следната позиција:
ОПЕРАТОР НА МАШИНА ЗА КРОЕЊЕ НА ПЛОЧЕСТ МАТЕРИЈАЛ
Локација: Ѓорче Петров, Скопје
Работни задачи:
- Управување и подесување на машина за кроење на плочест материјал
- Контрола на квалитетот на изработените елементи
- Следење на работни налози и техничка документација
- Основно одржување и грижа за исправноста на машината
- Почитување на безбедносни стандарди и соработка со останатите оддели
Потребни квалификации:
- Минимум средно образование
- Работно искуство на иста или слична позиција ќе се смета за предност
- Способност за тимска работа
- Основно познавање и работа со Microsoft Office пакет (Word и Excel)
- Основно познавање на англиски јазик
Нудиме:
- Работа во стабилна и растечка компанија со современа организација
- Можност за професионален и личен развој
- Мотивирачки услови за работа, стабилна плата и тимска средина
📧 Аплицирајте со ваша биографија на: [најави се за да го видиш е-маилот]
🕒 Рок за аплицирање: 27.02.2026
Слични огласи »