ОГЛАС
Обезбедено приватно здравствено осигурување и напредок во кариерата согласно личните постигнувања, исплата на максимален износ на регрес за годишен одмор, обезбедена стабилна и сигурна работа со почитување на сите законски одредби.
Ова се само дел од поволностите кои ги нудиме.
Нашата компанија, Макстил АД Скопје (www.makstil.com) е дел до глобална групација, со долгогодишна традиција и репутација на светскиот пазар во металопреработувачката индустрија. Ова ни овозможува да нудиме најдобри услови за работа на нашите вработени.
Во моментов, во рамки на нашиот тим за Одржување, отворено е следново работно место:
Дипломиран електро инженер - Енергетска насока (со работно искуство)
Опис на работно место:
- Го утврдува стандардот за одржување, ги изготвува плановите за инспекција и детално одржување;
- Предлага методологија за интервенција за подобро извршување на работите;
- Ги предвидува потребните мерки, средства и опрема за безбедно извршување на работните задачи;
- Ги изработува неделните и месечните извештаи од интервенциите;
- Директно извршува контрола и инспекција на работите од посебно значење, проверка на кондиционата состојба на постројките, дава стручни совети за одредена проблематика и сл.;
Работни услови: Работа во една смена, од понеделник до петок.
Потребни квалификации:
- Високо образование, 240 ЕКТС - Дипломиран електро инженер;
- Со работно искуство;
- Познавање на англиски јазик;
- Способност за планирање и менаџирање;
- Флексибилност, адаптибилност и способност за работа во динамично опкружување;
- Самоиницијативност и посветеност;
- Прецизност и аналитичност;
- Способност за работа под притисок и со рокови;
- Тимска работа и кооперативност.
Доколку сакате да станете дел од нашиот тим и имате искрена желба за учење на нови работи, испратете ја вашата кратка биографија по електронски пат на [најави се за да го видиш е-маилот] , со назнака за работното место за кое аплицирате, најдоцна до 02.06.2023 година.
Макстил АД Скопје обезбедува еднакви можности за вработување на сите кандидати и води посебна грижа за заштитата на лични податоци и за доверливоста на Вашата апликација.
Согласно Законот за заштита на лични податоци вашата апликација и податоците ќе се користат исклучиво за потребите за вработување за работното место Дипломиран електро инженер - Енергетска насока и ќе бидат избришани од нашата дата база во рок од 5 дена по склучување на договор за вработување со избраниот кандидат.