
За компанијата: Предизвиците во областа на човечките ресурси не се само наша секојдневна работа, туку се и наша страст. Нашето знаење и експертиза ни дозволуваат да имаме уникатен пристап кон секоја задача. Нашите клиенти...
повеќе за компанијата »Инбох ДООЕЛ Скопје, млада компанија со уникатна дејност - професионален архивски и дата центар во Македонија, кој на своите клиенти им нуди врвна заштита на податоци и документи во своите физички и дигитални архиви, има потреба од вработување на енергични и проактивни кандидати кои се насочени кон континуиран професионален раст и развој, за работната позиција:
Офис менаџер
Избраниот кандидат ќе биде задолжен за:
- прием, распоредување и архивско евидентирање на сите интерни документи
и документи пристигнати од клиенти
- евиденција за пристигната и испратена пошта и скенирање на целата документација
- Пречек на странки, евиденција на влез и излез
- Набавки за потребите за канцелариите.
- Благајничко работење, исплата на средства во готово
- Координација на интерни и екстерни состаноци
- Останата административна поддршка
Кандидатот треба да поседува:
- Средно или високо образование
- Работно искуство на слична позиција ќе се смета за предност
- Одлично познавање на англиски јазик
- Работно користење на компјутер – MS office ( word, excel )
- Одлични комуникациски и интерперсонални вештини
- Професионален пристап кон работните обврски
- Комуникативност, организираност и позитивен став
Што нудиме:
- Работно време од 08:00 до 16:00 од понеделник до петок
- Два дополнителни бонус слободни денови во годината
- Конкурентна плата и бенефиции
Вашата професионална биографија и мотивациско писмо испратете ги на [најави се за да го видиш е-маилот] , најдоцна до 20.01.2023 година, со назнака: “Офис менаџер”, или на адреса ул. 32 бр.15 Илинден и станете дел од нашиот тим.
Сите апликации ќе бидат третирани со строга доверливост. Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју.
Согласно Законот за заштита на лични податоци Ве молиме во Вашата порака да наведете дали прифаќате Вашите податоци да се чуваат во базата на Инбох за идни вработувања. Доколку нема никаква напомена, податоците ќе бидат уништени.
Само кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените критериуми, ќе бидат повикани нa интервју.
Сите пристигнати биографии, ќе се третираат со максимална доверливост.
*Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на ДЕКРА Арбеит Македонија и истите да бидат зачувани во дата базата на ДЕКРА.
Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на електронската пошта: [најави се за да го видиш е-маилот]
Слични огласи »