
За компанијата:
Најголемиот принт центар во Македонија, Polyesterday, со брзо темпо го продолжува својот раст. Тимот од стручни, посветени и способни кадри се клуч на нашето успешно работење и достигнување.
повеќе за компанијата »Водечкиот центар за дигитално печатење во Македонија, POLYESTERDAY, со брзо темпо го продолжува својот раст. Тимот од стручни ,посветени и способни кадри се клуч на нашето успешно работење и достигнување.Ние ги сметаме своите човечки ресурси за клучен фактор за нашиот брз и одржлив развој.
Искористете ја можноста да бидете дел од нашиот тим, во кој Вашето залагање и Вашите вештини ќе бидат наградувани и ќе допринесат за развој на Вашата кариера.
Распишуваме оглас за работното место “хигиеничар“.
Работното место ги опфаќа следните работни задачи:
- Секојдневно ја одржува општата хигиена во работните, помошните, заедничките и други простори во компанијата, и тоа: чистење и бришење на подови, прозори, врати, внатрешен канцелариски и друг инвентар;
- Одржување на хигиената со машини за одржување на хигиена;
- Се грижи за хигиената во кујна и на кујнскиот инвентар, по потреба ги мие садовите и ја пушта машината за садови,
- Води грижа за потрошниот материјал потребен во секојдневната работа и благовремено ги пријавува кај претпоставениот потребите за дополнително снабдување со истите;
- Ги полева цвеќињата во работните простории;
- За евентуални констатирани недостатоци во просториите кои ги одржува веднаш го известува претпоставениот;
- Секојдневно го изнесува сметот во контејнер.
Потребни се следните квалификации и компетенции:
- Минимум средно образование
- Работно искуство во одржување на хигиената ќе се смета за предност
- Способност за тимска работа
- Самоиницијативност
- Подготвеност на работа под притисок
- Исполнување на одредени задачи во предвиден рок.
Работниот однос се заснова на определено време за период од 1 месец.
Основната нето плата изнесува 15.000 денари.
Заинтересираните кандидати можат да достават кратка биографија (CV) на email адресата: [најави се за да го видиш е-маилот] или на адреса ул.Рајко Жинзифов бр.50 со назнака на кое работно место се конкурира.
Само кандидатите кои ги исполнуваат условите ќе бидат повикани на интервју.
Телефон за контакт: 074 608 777
Веб сајт: www.print.mk
Слични огласи »