
За компанијата: Гео Гас е основана 2011 година како приватна фирма за производство на минерален гас CO₂ и разновидни продукти од него. Локацијата на природниот извор, а воедно и нашиот производствен погон, се наоѓаат...
повеќе за компанијата »ГЕО ГАС ДООЕЛ Скопје е компанија која се занимава со производство, дистрибуција и продажба на минерален гас CO2 .Поради зголемениот обем на работа, објавува оглас за следнава работна позиција:
Машински инженер
Ако сакате да станете дел од тимот, а притоа сте динамична и одговорна личност и барате стабилност и долгорочна кариера и технолошки предизвици, со задоволство ве повикуваме да се пријавите на нашиот оглас за вработување.
Потребни квалификации:
- Завршено високо образование - Машински факултет
- Претходно работно искуство во областа ќе се смета за предност,
- Задолжително одлично познавање на MS Office пакетот и компјутерски програми и апликации
- Одлично познавање на англиски јазик вербален и пишуван
- Поседување на возачка дозвола Б категорија (активен возач),
- Флексибилност за работа на терен,
- Желба за учење на нови технички решенија и новини од областа на гасарството, опрема под притисок и заварување.
- Позитивен однос кон промени.
- Професионален и позитивен однос, одговорност и лојалност
- Читање на техничка документација (технички цртежи и технологии)
- Способност за самостојна и тимска работа
Работни обврски:
- Одговорен за процесот на производство
- Поддршка на тимот за производство
- Одговорно лице за контакт за решавање на проблеми поврзани со процесот на производство
- Постојано следење на производствениот процес и соодветно и навремено реагирање,
- Подготовка и ракување со машините и комплетната опрема за производство,
- Логистика и пратење на полни и празни (амбалажи) садови под притисок
- Води редовна евиденција на произведени и продадени количини
- Техничка поддршка на секторот за продажба
- Грижа за квалитет на производ према правила на систем за квалитетно работење.
- Водење на документација согласно пропишани стандарди,
- Подготовка на документи за испорака и прием,
- Организација, контрола и целокупно управување со работата на тимот за технички операции
- Одговорен за калибрација и сервисирање на производната линија и водење евиденција за истите
- Учество во процесот на набавка на потребни материјали за процесот на производство
Компанијата нуди:
- Редовни атрактивни месечни примања по договори други бенефиции,
- Платени сите задолжителни додатоци и надоместоци според закон
- Одлични услови за работа во тим,
- Можност за личен професионален развој
- Работен однос на определено работно време од 3 месеци, (период на докажување на способност). со можност за продолжување и преминување во стален работен однос на неопределено работно време.
Сите апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
Испратете го Ваашето (CV) кратка биографија на: d.markovski@geogas.mk
Во согласност со законот за заштита на лични податоци, со самото испраќање на Вашето СV се согласувате Вашите податоци да бидат чувани во база и обработувани за намена за сегашно или идно вработување од страна на Гео Гас ДООЕЛ Скопје.
Напомена: Доколку не сте согласни со тоа , можете да ја повлечете во секое време согласноста за обработка на лични податоци преку испраќање на известување на елекртонската пошта: [најави се за да го видиш е-маилот]
Слични огласи »