
За компанијата: Електродистрибуција ДООЕЛ Скопје е компанија чија главна дејност е дистрибуција на електрична енергија. Компанијата е дел од EVN групацијата.
ЕЛЕКТРОДИСТРИБУЦИЈА вработува професионалци од различни...
повеќе за компанијата »За нас
EВН Македонија е компанија чија главна дејност е дистрибуција на електрична енергија во Македонија. На македонскиот пазар компанијата влезе во 2006 година како дел од групацијата EVN која е активна во 21 државa во Централна, Источна и Југоисточна Европа. Нашата најзначајна цел е сигурно и квалитетно снабдување на корисниците со електрична енергија по конкурентни цени.
КАРИЕРА ВО ЕВН
За во одделот Информатички и телекомуникациски технологии потребeн/а е инженер/ка за апликации кој/а ќе има клучна улога во реализирањето на нашите проекти врзани со развој и одржување на апликации
.NET и ANGULAR ПРОГРАМЕР (М/Ж)
Опис на работните задачи:
- Анализа на кориснички барања,
- Дизајн, изработка, тестирање, имплементација и одржување на апликативни решенија,
- Имплементација, интеграција и одржување на готови апликативни решенија,
- Креирање техничка документација и документирање на изворен код.
Потребни компетенции:
- Одлично познавање на Visual studio.NET (C#, ASP.NET Web forms, MVC, Integration and Reporting Services),
- Одлично познавање на Angular, Bootstrap, Web API, Web Services Познавање на релациони бази на податоци: Oracle (SQL, PL/SQL), SQL Server (T-SQL),
- Познавање на JavaScript, JQuery, HTML, CSS и XML.
Потребни квалификации и лични карактеристики:
- Високо образование - Информатика,
- Одлично познавање на Англиски јазик, пожелно е познавање на Германски јазик,
- Работно искуство најмалку 2 години,
- Доверливост, исполнителност, иницијативност, високи аналитички способности, способност за работа под притисок и кратки рокови, комуникативност, способност за работа во тим.
Ги очекуваме Вашите апликации на [најави се за да го видиш е-маилот] на електронската апликација на нашата интернет-страница http://www.evn.mk/Careers/OnlineApplication.aspx
Напомена: Доколку сакате Вашите податоци да бидат зачувани во нашата база на податоци согласно Законот за заштита на лични податоци, покрај биографијата и мотивациското писмо треба да испратите и изјава за дозвола за користење на лични податоци за потребите за вработување
Вашиот успех е и наш успех, бидете дел од тимот на ЕВН Македонија!
Слични огласи »