
За компанијата:
Новомак, од скромните почетоци во 2006 година, со напорна работа и истрајност, постојано го зголемува обемот на своите деловни активности, паралелно со зголемување на деловните капацитети, како и бројот... повеќе за компанијата »
Новомак е специјализирана компанија со седиште во Скопје, водечки дистрибутер и ексклузивен застапник на репроматеријали за изработка на мебел од бројни реномирани европски брендови. На македонскиот пазар целиме кон достигнување на врвната позиција во однос на квалитет и препознатливост. Развиваме организација со разбирање за тековните трендови и социјални аспекти, во кои што ги интегрираме предностите стекнати со долгогодишната традиција. Градиме кооперативна култура и усовршување на вработените, кои се нашата движечка сила.
Во моментов ја прошируваме продажната мрежа и имаме потреба од ентузијастични, комуникативни и посветени личности за позицијата:
ПРОДАЖЕН АСИСТЕНТ ВО САЛОН
Опис на работното место:
-
Активна продажба и советување на купувачите во салонот
-
Презентирање на производите и нивните карактеристики на професионален и љубезен начин
-
Грижа за уредноста и атрактивниот изглед на изложбениот простор
-
Следење на залихите и ажурирање на информации за производите
-
Учество во промотивни активности, акции и настани
Потребни квалификации:
-
Минимум средно образование (ССС)
-
Работно искуство во продажба – предност, но не е задолжително
-
Развиени комуникациски и продажни вештини
-
Љубезност, позитивна енергија и ориентираност кон клиентите
- Работа со компјутер (MS Office, ERP – предност)
-
Способност за работа во тим и во динамична средина
Нудиме:
-
Работа во модерна, пријатна и мотивирачка средина
-
Конкурентен финансиски пакет и бонуси според резултати
-
Обука и континуирана поддршка за професионален развој
-
Можност за унапредување и градење кариера во рамки на компанијата
📧 Испратете ја вашата биографија на: [најави се за да го видиш е-маилот]
🕒 Рок за аплицирање: 27.11.2025
Слични огласи »