
За компанијата:
Најголемиот принт центар во Македонија, Polyesterday, со брзо темпо го продолжува својот раст. Тимот од стручни, посветени и способни кадри се клуч на нашето успешно работење и достигнување.
повеќе за компанијата »Најголемиот принт центар во Македонија, Polyesterday, со брзо темпо го продолжува својот раст. Тимот од стручни, посветени и способни кадри се клуч на нашето успешно работење и достигнување. Ние ги сметаме своите човечки ресурси за клучен фактор во нашиот брз и одржлив развој.
Распишуваме оглас за работното место „Референт за продажба“.
На огласот можат да конкурираат кандидати кои сметаат дека ги поседуваат долунаведените лични карактеристики и потребни квалификации.
Работниот однос се заснова на определено време за период од 1 месец, со можност за продолжување на 3, 6 или 12 месеци.
Лични карактерискити на кандидатот:
- Комуникативност;
- Организираност и одговорност кон доверените работни задачи;
- Флексибилност, проактивност и лојалност;
- Желба за докажување и напредок;
- Способност за самостојна и тимска работа.
Професионални знаења и способности
- Минимум три години искуство на иста или слична позиција;
- Одлични комуникациски и преговарачки способности;
- Валидна возачка дозвола, Б категорија;
- Одлично познавање на MS Office пакетот;
- Познавање на Англиски јазик.
Опис на работно место:
- Работа со постоечки, клучни клиенти и продажба на територијата на Македонија;
- Координација со постоечкиот тим за продажба на компанијата;
- Одговорен за постигнување на продажните планови;
- Стратешко планирање, предлагање, следење и анализирање на плановите за продажба.
Нудиме:
- Постојана поддршка и помош од вработените во Полиестердеј во периодот потребен за адаптација;
- Одлична работна атмосфера;
- Можност за напредок доколку кандидатот покаже желба, знаење и способност да се носи со своите работни обврски;
- Можност за учење и стекнување нови вештини;
Искористете ја можноста да бидете дел од нашиот тим и кажете ни зошто вие сте идеалната личност за оваа работна позиција, испратете ни го вашето CV и Мотивациско писмо на [најави се за да го видиш е-маилот] со наслов: “за работна позиција референт за продажба.
Само кандидатите кои ќе влезат во најтесниот круг ќе бидат контактирани од страна на претставнци на нашата компанија.
Веб сајт:
www.print.mk
www.polyesterday.com.mk
Останати огласи »