Вдл Ван Хоол Македонија Дооел лого

Специјалист за внатрешна и надворешна комуникација

За компанијата:

Вдл Ван Хоол Македонија Дооел Илинден, белгиски реномиран производител на автобуси, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје 2, во Бунарџик/Илинден, контакт тел.бр. (02) 551-2851

повеќе за компанијата »

СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ВНАТРЕШНА И НАДВОРЕШНА КОМУНИКАЦИЈА

Опис на работни задачи

- Координирање и поддршка на интерни и екстерни комуникациски активности;
- Управување со агендата и алатките за интерни и екстерни комуникации;
- Создавање и поддршка на иницијативи за интерни комуникации;
- Поврзаност со Менаџерот за комуникации со цел да се насочат, координираат и усогласат сите иницијативи за комуникација;
- Креирање на содржина за социјалните медиуми управувани од Ван Хоол Македонија моментално како и за идните социјални медиуми за различни активности и проекти (фокусирање на Facebook, Instagram, LinkedIn);
- Подготовка на веб-содржини, избор на фотографии и илустрации;
- Подготовка на промотивни материјали за Ван Хоол Македонија;
- Следење на најновите трендови и нивно имплементирање во секојдневната работа;
- Месечен извештај со детали од објавените активности на социјалните мрежи.

 

Потребни квалификации

ПРОФИЛ НА КАНДИДАТОТ:
- Одлични вештини за комуникација и пишување;
- Креативност, проактивност и ефикасност;
- Пасија за онлајн маркетинг, нови технологии и трендови во веб светот;
- Способност за работа во динамична работна средина;
- Способност за работа на сопствена иницијатива;
- Способност да се размислува глобално и да се дејствува локално.

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:
- Најмалку 1 година релевантно работно искуство во маркетинг/комуникации;
- Одлично познавање на англиски јазик;
- Познавање на Microsoft Office (Excel, Word, Power Point);
- Познавање и искуство со социјалните медиуми и други информативни и промотивни алатки;
- Претходно искуство во креирање на промотивни материјали;
- Претходно искуство во прес-комуникации;
- Способност за креирање графички содржини прилагодени на потребите за промовирање и презентирање проекти на социјалните медиуми ќе се смета за предност.

Се согласувам личните податоци наведени во апликацијата за работа да бидат предмет на обработка од страна на Секторот за човечки ресурси на ВАН ХООЛ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Илинден, во процесот на селекција на апликанти за вработување.

Напомена: Сите апликации за вработување ќе бидат третирани како строго доверливи. Според Законот за заштита на личните податоци, со самото доставување на Вашата апликација за работа за потребите на ВАН ХООЛ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Илинден, согласни сте Вашите лични податоци да бидат користени во процесот на регрутација и селекција на кадри за потребите на ВАН ХООЛ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Илинден. ВАН ХООЛ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Илинден гарантира дека освен за наведената цел, Вашите лични податоци нема да бидат користени за ниту една друга цел ниту, пак, достапни на трети лица. ВАН ХООЛ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Илинден сите апликации ќе ги чува 12 месеци, сметано од денот на нивното добивање, освен во случај кога апликантот писмено ќе побара истите да бидат избришани пред истекот на утврдениот рок.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · забава · hr вести · hr совети · блог
барај огласи за вработување »