
За компанијата:
Компанијата „Специјал“ е реномиран лидер во областа на пекарство, слаткарство и индустрискиот кетеринг и услужната подготовка на храна, со посветеност кон квалитет, сигурност и иновативност.... повеќе за компанијата »
Продавачка
Работни должности:
- Одговара за професионалниот однос кон клентите и обезбедување на комплетна добра услуга.
- Се грижи за правилен прием, правилно редење и чување на производи во продавницата.
- Ги дополнува рафтовите и витрините со роба и се грижи за нивна естетика.
- Се грижи за правилна изложеност на производите со назначени цени и декларации.
- Ги следи и остранува навремено производите со поминат рок на траење.
- Продава и нуди дополнителен производ.
- Негува домаќински однос кон добрата во продавницата (производи, мебел, техничка опрема, хартија за пакување, салфетки) како и кон севкупните трошоци во продавницата.
- Врши нарачки за нова роба во систем.
- Одговорен/а е за ажурно водење на документацијата во систем (Испратници, фактури, документи за кало растур и слично);
- Испраќа по потреба извештаи во систем согласно потребите .
- Ја поддржува тимската работна атмосфера и колегијалноста во тимот.
- Ја оддржува хигиената во продавницата: чисти пулт, стаклата и рафтовите на витрините, по потреба го мете подот, ги чисти фрижидерите и послужавниците итн.
- Се придржува до кодексот за облекување и чист изглед.
Образование, квалификација, професионалано работно искуство:
- Средно образование;
- Работно искуство на иста позиција ќе се смета за предност;
Лични карактеристики:
- Навремено исполнување на работните задачи;
- Организираност;
- Доверливост;
- Лојалност ;
- Одговорност;
- Одлучност и креативност
- Тимски работник
Што нудиме ние:
- Пријатна работна средина со многу предизвици
- Конкурентна плата
- Попуст во приватна здравствена установа
- Оброк
- Обуки за развој
- Континуиран фидбек од работата
Слични огласи »