
За компанијата:
Групацијата PRIMA е најнапреден систем кој произведува и продава мебел во регионот. Во Република Хрватска, нашиот малопродажен ланец на салони за мебел вбројува 59 продажни места, додекa во Северна... повеќе за компанијата »
(преземи го огласот како слика)

Локација: Скопје
Специјалистот за корисничка поддршка е одговорен за ефикасно управување со потребите на купувачите и задржување на истите преку разрешување на нивните поплаки и објаснување на производите.
Твоите работни обврски вклучуваат:
- Комуникација со задолжени лица за спроведување нарачки од продажните салони, комуникација со купувачи и надворешни соработници;
- Пружање на корисничка поддршка преку различни канали;
- Пријавување и решавање на проблеми поврзани со нарачки;
- Решавање на проблеми и конфликтни ситуации преку менаџирање на корисничкото задоволство;
- Комуникација со служби при неиспорачани, несоодветно испорачани и задоцнети испораки;
- Комуникација и решавање на пријави поднесени во институции/инспекции од страна на купувачи;
- Проверка и грижа за исправноста и уредноста на декларациите, цените и документацијата за производите во продажните салони согласно законските прописи.
Твојот профил треба да биде:
- Спремен си за работа во динамична средина;
- Спремен си за тимска работа и индивидуална работа;
- Флесибилен си и спремен за учење;
- Брзо воочуваш детали;
- Мултитаскинг;
- Прилагодливост и флексибилност;
- Љубезност, културно изразување и услужливост;
- Имаш работно искуство на иста или слична позиција.
Ние нудиме:
- Едукација и опкружување кое потикнува личен и професионален развој;
- Работа во динамична средина – предизвикувачки и разновидни работни задачи;
- Стимулативни примања;
- Систем на наградување на успешните вработени;
- Бенефиции за лојални вработени.
Биди тоа што си бидејќи го цениме твојот труд.
Цел е да дадеш најдобро од себе, биди таков како што си. Оствари се себеси, исполни и препознај ги своите вредности и примени ги во секојдневниот живот и работа. Ако си задоволен со својата работа, ќе бидеш задоволен и со животот. Тука сме да ти помогнеме на твојот пат кон успехот и остварување на целите. Твојот успех е и наш успех. Од ден до ден, ќе следиме, мотивираме, наградуваме и веруваме во тебе. Ти ја даваме подршката и довербата. Те цениме и разбираме. Се што работиш е важно.
Доколку сакате да станете дел од професионалниот и креативен тим кој што секогаш е инспириран и мотивиран при осмислувањето на решенија за целосно опремување на домот со фокус на желбите и потребите на купувачите можете да се пријавите на следниот линк: https://prima-karijere.talentlyft.com/o/ETS/apply
Слични огласи »