Ерак Груп Дооел Скопје лого

Референт за контрола на квалитет (Quality control)

Eрак Груп Дооел е компанија со долгогодишно и меѓународно искуство во областа на транспорт,логистика,туризам и угостителство.Поради проширување на тимот има потреба од следните работни позиции :

Референт за контрола на квалитет - Quality control

 

Потребни квалификации:

  • Завршен фактултет,  факултет за туризам ќе се смета за предност
  • Работно искуство во полето на туризмот, посебно во туристичка агенција
  • Неоходно познавање на англиски јазик, додека познавање на турски јазик ќе се смета за предност
  • Добро познавање на работа со компјутер (MS Office)
  • Способност за извршување мулти таскинг задачи

 

Опис на работата

Вработениот треба да ги извршува сите должности и одговорности поврзани со контрола на квалитетот во извршување на активностите на агенцијата и сите поврзани партнери како што се хотели, транспортни компании, ресторани, места за атракции итн. Контролата на квалитетот треба да го измери задоволството на крајните корисници од услугите на агенцијата.

 

Должности:

  • Подготовка на програма за стандардизирање на активностите на агенцијата
  • Проверка на квалитетот и усогласеноста на активностите со програмата за стандардизација
  • Усогласување на сите активности на одделенијата во агенцијата за да се подобри квалитетот на сите интегрирани активности
  • Предлагање на измени во активностите и операциите за да се подобри квалитетот и да се усогласат сите активности
  • Разгледување на резултатите од мерењата на усогласеноста на активностите со раководителите на одделенијата за да се предолжат мерки за подобрување на операциите
  • Подготвување на извештаи од направените контроли и предог на мерки за отстранување на отстапувањата

 

Клучни потребни квалитети:

Доверливост, добри нумерички вештини и разбирање на статистички податоци, планирање и организациони вештини, комуникациски вештини, решавање на проблеми, тимска работа,

Возачка дозвола ќе се смета за предност.

Доколку сте заентересирани испратете го Вашето CV(работна биографија) на следниот меил :  [најави се за да го видиш е-маилот] ,со назнака за позицијата за која се аплицира : Референт за контрола на квалитет ,најдоцна до 06.12.2019

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Останати огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · забава · hr вести · hr совети · блог
барај огласи за вработување »