ПОПЕ КОМПАНИ ДОО лого

Доставувач на производи

За компанијата: Продажба на рекламни материјали на големо и печатење на истите. Увозник на реномирани брендови. повеќе за компанијата »

ПОПЕ КОМПАНИ ДОО СКОПЈЕ има потреба од следната работна позиција:
 

ДОСТАВУВАЧ НА ПРОИЗВОДИ - ВОЗАЧ

 

ПЛАТА: основна плата 16.800,00 ден + месечни бонуси

             дополнителна исплата на 0,5% од минат труд,

             исплата на К-15 секоја година

             дополнителен бонус на 5 години

Доставата ја вршиме најчесто само во Скопје, само во прва смена
 

Вашeтo уредно CV со задолжителна напомена за која работна позиција аплицирате доставете ја на [најави се за да го видиш е-маилот]

 

Возачот ги извршува сите работи поврзани со уредна испорака на роба. Тие работи се однесуваат на проверка  и подготовка на роба согласно документацијата, креирање на рута - план за дневна испорака, организација на истата и утовар во возилото согласно планот за испорака, достава на робата до клиентите.

Одговорности на возач – доставувач на роба:
Подготовка и обезбедување на возилото со соодветна потребна документација за извршување на испораките како и проверка на исправноста и безбедноста на возилото
Безбедно возење и придржување кон Законите, правилата и прописитеза безбедност и учество во сообраќајот
Подготовка на робата за испорака, контрола на нејзината квантитативност во согласност со документацијата
Креирање на рута - план за дневна испорака согласно потребите на клиентите како и временската расположливост за реализација на истиот
Достава на робата до просториите на клиентите, контрола на истата за уредно предавање согласно документацијата и обезбедување на соодветни параграфи за уредно извршена испорака
Телефонска комуникација со клиентите за нивно известување во случај на отстапки во однос на ветениот термин за испорака
Одржување на комуникација и постојана информираност на претпоставениот заради информирање за настанати промени во испораката, промена на рутата или распоредот
Информирање на претпоставениот за било какви опструкции кои може да ја загрозат безбедноста или ефикасноста нанавремените испораки
Одговорно однесување кон возниот парк и уредна евиденција за негово редовно сервисирање, одржување и регистрација, постојана проверка со доволно гориво, масло и секогаш нивна подготвеност за возење
Извештаи до претпоставените за извршените испораки

Квалификации и образование:
Завршено средно образование

Важечка возачка дозвола Б категорија, без казни и прекршоци
Работно искуство како возач-доставувач или слична позиција
Способност за оперирање со виљушкар, во различни временски и сообраќајни услови
Основна компјутерска писменост
Познавање на користење на навигациони системи
 
Потребни професионални способности:
Одлични услужни способности, културно и претставително однесување кон клиентите
Познавање на патната инфраструктура и способност за креирање на економски исплатлива и ефикасна брза рута
Одлични организаторски способности и способност за менаџирање на времето

Потребни персонални способности:
Добри меѓучовечки односи
Култура на однесување, педантност, уредност, навременост
Ефикасни комуникациски способности
Трпеливост, љубезност и ентузијазам
Тимска работа
Способност за работа под притисок
 

Локација на седиште на работната позиција: ул. Горно Лисиче бр. 210
Теренско извршување на работата: ДА. Локал Скопје.
Работа во смени: не

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · забава · hr вести · hr совети · блог
барај огласи за вработување »