Промовирани огласи »

Цените на роамингот во регионот за Србија, Црна Гора, БиХ и Македонија повторно ќе бидат намалени од 1 јули. Максималната цена на минута појдовен повик во роаминг во регионот е 24 цента, додека дојдовен повик изнесува седум центи.

Од почетокот на јули цените ќе бидат намалени на 19 центи за појдовни повици и на пет центи за дојдовни повици. На овие цени земјите ќе си додадат и ДДВ.

Кога станува збор за користење интернет во регионот, максималните цени во моментов се изедначени на 45 центи за мегабајт, а од јули ќе биде преполовена, односно 20 центи за еден мегабајт плус ДДВ.

Односно минута разговор дојдовен повик наместо 15 ќе чини 11,6 денари, една смс порака 3,7 денари. , еден мегабајт интернет 12,3 денари.

Пред три години беше потпишан договор помеѓу овие четири земји за примена на посебни цени за роаминг. Договорот меѓу Србија, Македонија, БиХ и Цна Гора се спорведува од јули 2015 година.

Утврдени се максимални цени кои операторите можат да ги наплатат во регионалниот роаминг.

За разлика од кај нас, земјите членки на Унијата од 15 јуни го укинаа роамингот. Жителите кога патуваат од една до друга земја операторот им тарифира како да се во матичната.

Промовирани огласи »

Џек Ма предвидува: За 30 години луѓето ќе работат 4 часа дневно, 4 дена неделно

Џек Ма предвидува дека за 30 години луѓето ќе работат 4 часа на ден

Луѓето ќе работат многу помалку за три децении отколку денес, вели Џек Ма, основачот на Алибаба.

Луѓето ќе работат само четири часа дневно, а можеби и само четири дена во неделата. Мојот дедо работел 16 часа дневно на полињата ( и мислел дека е многу зафатен). Работиме сега осум часа, пет дена во неделата и мислиме дека сме презафатени, рекол Ма.

Неговите предвидувања се надополнуваат со оние кои ги изнел познатиот економист Џон Маинард Кеинес, кој рекол дека во 2030 работната недела ќе биде околу 15 часа, бидејќи роботите полека ќе почнат да ги менуваат работниците.

Првата технолошка револуција ја предизвика првата светска војна, втората предизвика Втора, а ова е трета технолошка револуција, вели Ма и истакнува дека често патува како би ги предупредил светските лидери брзо да делуваат бидејќи верува оти кровот треба да се поправи додека е уште во функција.

Ма исто така предвидува дека луѓето ќе може да патуваат до поголем број дестинации отколку сега.

„Во просек, сега луѓето посетуваат околу 30 места. Триесет години подоцна ќе бидат веројатно 300“.

Промовирани огласи »

Како да уживате на работа?

Засакајте ја својата работа

Ако секој понеделник без волја одите на работа, има техники со помош на кои работите ќе се сменат. 

Истражување на  Galup во 140 земји покажува дека само 13% од испитаниците се задоволни од својата работа. 63% се рамнодушни, а 24% ја мразат својата работа. 

Обично луѓето не ја сакаат работата која не е поврзана со нивната струка, но тоа и не мора да биде причина некоја професија да ја мразите. 

Работата не е само професија и услови, туку и опкружувањето кое го имате околу себе. 

Работата можеби веќе ви станала рутина, можеби имате многу задачи, можеби е до амбиентот или сте многу амбициозни. 

Затоа стекнете навики кои ќе ви помогнат да се чувствувате подобро. 

Усовршете се за да заработувате повеќе и да добиете покачување. 

Научете да разликувате успех од среќа. 

На работа сменете го она што не ви се допаѓа. 

Многу работи зависат и од тоа како фирмата ги мотивира вработените. 

Платата не е единствен начин на мотивација, туку и да се донесуваат одлуки, да се даваат предлози, работникот да добие некаква важна улога во компанијата. 

Промовирани огласи »

Кои се најплатените професии во Македонија

Еве кој заработува најмногу, а кој најмалку во Македонија

Во Македонија луѓето кои работат во воздухопловен транспорт имаат највисоки плати и заработуваат плата од 58.201 денари. 

Зад нив се оние од секторот компјутерско програмирање со 55.468 денари, трети се вработените во телекомуникации со 55.366 денари. Подолу на листата се финансиски услужни дејности со 41.013 денари, осигурување, реосигурување и пензиски фондови со 38.277 денари. 

Најниски плати земаат луѓето во трговија, преработувачка индустрија, земјоделство и ред други сектори кои со години се слабо платени. 

Државниот завод за статистика вчера објави дека нето платите во април 2017 година споредено со истиот месец претходната година се поголеми за 1,4%. 

Просечната нето плата во Македонија изнесува 22.672 денари. Од вработените во земјава 0.9% останале без својот личен доход во април.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »