Промовирани огласи »

Брендирање? Колку е важно за една компанија?

Што се подразбира под брендирање и како вистински да се направи?

Брендирањето е еден од најважните аспекти на секој бизнис, големи или мали. Ефикасна брендинг стратегија ви дава голема предност на многу конкуретниот пазар. Што всушност е брендирање на една компанија?

Едноставно кажано, вашиот бренд е ветување за вашиот клиент. Тоа им кажува што да очекува од вашите производи и услуги, и  како вашата компанија ќе се разликува од вашите конкуренти. Вашиот бренд е изведен од тоа кои сте вие, што сакате да бидете и како сакате да ве гледаат потрошувачите.

Темел на вашиот бренд е вашето лого. Вашиот веб-сајт, пакување и промотивни материјали -  се местата каде што треба да се интегрира вашето лого.

Како се оформува успешниот бренд? Дефинирање на вашиот бренд е како патување. Тоа може да биде тешко, одзема многу време и многу фокус.

За да се оформи бренд, основни прашања кои треба да си ги поставите се следните:

1. Која е мисијата на вашата компанија?

2. Кои се придобивките и карактеристики на вашите производи или услуги?

3. Што прават вашите клиенти и потенцијални клиенти?

4. По што сакате да ја препрознаваат вашата компанија?
 

Промовирани огласи »

Земја каде платите ќе се зголемат за 300%

Поголеми плати за лекарите, професорите...

Долниот дом на Парламентот во Романија со мнозинство гласови го донесе Законот за зголемување на платите во јавниот сектор до јануари 2018 година. 

Месечната плата на најдобрите лекари во 2018 година наместо досегашните 1.000 евра ќе биде 2.700 евра, а медицинските сестри наместо 530 евра, ќе добиваат плати од 900 евра.

Платите на некои професори ќе бидат зголемени за 100% и тоа зголемување ќе биде направено од 2018 до 2022 година.

Зголемување на платите, според новиот закон, кој допрва треба да го одбори претседателот на Романија Клаус Јоханис, ќе има за 1,2 милиони државни службеници. Како што пренесе агенцијата Франс прес, оваа операција на романската влада ќе чини скоро 10 милијарди евра во наредните 5 години.

Еврооската комисија неодамна го предупреди Букурешт да не ги зголемува платите, а Меѓународниот монетарен фонд соопшти дека сукцесивното кратење на даноците во изминатите 2 години значително ги намалило државните приходи. 

Законот е усвоен и покрај противењата на Европската комисија и Меѓународниот монетарен фонд.

Промовирани огласи »

Од 1 јули пониски цени за роаминг со Србија, Црна Гора и БиХ

Од следниот месец стартува поевтин роаминг на Балканот

Цените на роамингот во регионот, во Србија, Црна Гора, БиХ и Македонија, повторно ќе се намалат од први јули, изјави директорот на  Регулаторната агенција за електронски комуникации (РАТЕЛ), Владица Тинтор.

Тинтор на четвртиот собир на оператори на телекомуникациски услуги потсети дека пред околу три години е потпишан договор меѓу четирите земји за спроведување специјална цена за роамингот.

Промовирани огласи »

Forbes: Највредни брендови за 2017 година

Петте најскапи брендови за 2017 се Google, Apple, Microsoft, Amazon и Facebook

И оваа година, тројцата медалисти остануваат непроменети, но пак Amazon регистрира најголем скок од сите – само за година брендот на Безос успеала да се искачи од седмо до четвртото место, зголемувајќи ги своите приходи со околу 50 милиони долари. Вкупната добивка на петте водечки компании пак сочинува 25% од вкупните приходи на сите останати 100 брендови, вклучени во рангирањето.

За да стигнат до забршните рангирања биле испрашани околу 3 милиони вработени, околу 120 илјади клиенти и брендови од 50 земји.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »