Сонот е голем помагател при извршување на нашите секојдневни обврски. Сите ние во модерниот свет брзаме и не посветуваме доволно внимание на одморот. Потсетете се кога последен пат легнавте во 10 часот пред полноќ?
Не се сеќавате? Можеби тоа е клучниот одговор на се она што ве измачува во последно време - покачена телесна тежина, замор, нервоза или слично.

Издвојуваме повеќе сегменти на кои делува не спиењето за да размислите кога ќе легнете вечерва:
Внимание/фокус – неспиење од 20 до 25 часа влијае врз вашата брзина на движење, рефлекси и фокус, исто како да имате 10 % алкохол во крвта.
Агресивност – лишувањето од сон ве прави поагресивни и нервозни.
Имун систем – луѓето кои спијат помалку од 6 часа, во текот на ноќта, го зголемуваат ризикот за настинка или грип за 4 пати.
Зголемување на телесна тежина – неспиењето предизвикува зголемено лачење на хормонот на гладта - грелин, односно хормон што го зголемува апетитот.

Болести – тие коишто спијат помалку од 5 часа во ноќта:
Дијабетес – го зголемуваат ризикот за добивање на дијабетес тип 2 за 34%
Крвен притисок – кај оние со висок крвен притисок може да предизвика покачен притисок во текот на целиот нареден ден.

Хронични болести – доведува до зголемување на шансите за добивање на рак и други хронични заболувања.
Срцеви заболувања – доведува до удвојување на ризикот од смрт од кардиоваскуларни заболувања.
Мозочна активност – недостаток на сон запира производство на нови неурони и зголемување на нивото на хормонот за стрес – кортикостерон.
Меморија – недостаток на сон доведува до губење на меморијата и намалено памтење.
Работа – извршување на работните обврски е забавено, со голем број грешки и последици кои можат да бидат кобни за вашето здравје, но и за здравјето на колегите околу вас.