Промовирани огласи »

Дејан Христов, ја претстави новата верзија на новото модерно југо.

Македонскиот дизајнер својата љубов кон автомобилите ја претвора во интересни проекти, како современата верзија на моделот на Застава. Христов како основа ја употребил карактеристичната коцкеста форма на оригиналниот модел, а потоа ја модернизирал и прилагодил на современите текови на автомобилската индустрија.

Неговото југо е замислено со електричен погон, кој би конкурирал со цената.

Според пишувањата на српските медиуми, Дејан Христов планира за својот проект да ја информира српската влада и во неговата реализација би можеле да учествуваат Римац автомобили или Стелантис групација, која е сопственик на фабриката во Крауевац.

Промовирани огласи »

Започна постапката за бесплатен државен WiFi на отворени јавни површини

На локации важни за туристите...

Започна постапката за бесплатен државен WiFi на отворени јавни површини, соопштија од Владата. 

Владата ја разгледа и усвои Информацијата за обезбедување бесплатен државен WiFi на отворени јавни површини, како дел од Програмата за работа на Владата.



За реализација на оваа програма Владата утврди препорака за Јавното претпријатие Национална радиодифузија - Скопје како носител на реализацијата на проектот обезбедување на бесплатен државен WiFi на отворени јавни површини на локации од интерес за туристи од страна на телекомуникациски оператори до крајот на 2021 година во соработка со Министерството за информатичко општество и администрација, Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот и локалните самоуправи да подготви и достави предлог Листа на локации за обезбедување бесплатен државен WiFi за цела територија на државата, за добивање согласност од Владата на Република Северна Македонија, согласно Препораките за обезбедување бесплатен државен WiFi на отворени јавни површини, информираа од Владата. 


До крајот на април 2022 година, во соработка со Министерство за информатичко општество и администрација, Национална канцеларија за бродбенд компетентност и Агенцијата за електронски комуникации ќе одржат јавни состаноци со заинтересираните оператори и локалните самоуправи за реализацијата на обезбедувањето бесплатен безжичен WiFi на одобрените локации од интерес за туристите.

Промовирани огласи »

ЕУ веќе не гарантира членство на балканските држави

ЕУ веќе не сака да им гарантира членство на земјите од Западен Балкан, покажува документ до кој дојде Ројтерс

Европската Унија веќе не може да ги даде истите гаранции за идното членство на шесте балкански држави на кои некогаш им беше ветено место во Унијата, објавува Ројтерс врз основа на изјава од четворица дипломати и интерен документ.

На ЕУ самитот за Балканот закажан за 6-ти октомври, ЕУ планираше повторно да ги истакне своите ветувања од пред 18 години дека дава „недвосмислена поддршка за европската перспектива на Западниот Балкан“. Ова беше намерата според драфт декларацијата за самитот од 11 септември што ја објави Ројтерс.

Оваа декларација минала најмалку две рунди на преговори во ЕУ во кои не е постигната согласност околу истата.

Иако членките ги немаат искажано своите позиции, стравот на богатите држави од северот како Данска, Франција и Холандија е дека на Унијата со Балканот ќе и се повтори избрзаниот прием на Романија и Бугарија од 2007, и лошо менаџираната миграција на источноевропски работници во Британија, кои тие веруваат дека свртеле голем број Британци против ЕУ.

Ројтерс пишува дека згора на стравот на богатите од Балкан, Македонија има дополнителен проблем што Бугарија се против нашиот прием.

Промовирани огласи »

Што ќе прави Ангела Меркел откако ќе се пензионира?

Како ќе ги поминува пензионерските денови?

По изборите, канцеларката Ангела Меркел не завршува со своите обврски, сепак таа ќе остане до формирање на новата влада.

За време на нејзината посета во Вашингтон во месец јули, канцеларката беше прашана како го замислува своето пензионирање. Иако претходно ова прашање избегнуваше да го одговори, овој пат даде до знаење дека прво ќе се одмори и нема да прифати никакви понуди.

Иако Меркел ужива да прави супа од компир и да пече колач од сливи, кои се типични јадења за Германија во текот на есенските денови, сепак многумина мислат дека без нејзиниот преполн распоред брзо ќе и биде здодевно.

По завршување на нејзината функција канцеларката нема да има никакви финански грижи. Со нејзината функција како канцелар таа заработува €25.000 месечно, дополнително €10.000 за нејзината улога како член на Бундестагот, работа што ја работи повеќе од 30 години. Откако ќе престане да работи во првите три месеци ќе ја прима целата плата, а потоа надоместок половина од нејзината плата за максимум 21 месец.

Меркел има различни права од нејзината работа како канцелар, владин министер и пратеник во Бундестагот. Како резултат на тоа, таа може да смета на пензија од околу €15.000 месечно и се квалификува да има службен автомобил и личен возач до крајот на животот. Исто така, има право и на канцеларија во Бундестагот во Берлин вклучувајќи менаџмент на канцеларијата, двајца советници и секретарка.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »