Промовирани огласи »

На што треба да внимавате кога купувате ПВЦ прозори?!

Енергетско ефикасните прозорци се инвестиција која се враќа за помалку од 5 години

Прозорците не се менуваат често како мебелот или апаратите за домаќинство. Нивниот просечен век на траење е околу 30 години, што значи дека изборот што ќе го направите денес ќе влијае на вашиот комфор и трошоци во следните децении. Замената на прозорци не подразбира само купување нови – таа отвора дополнителни трошоци како рушење на ѕидови, изнесување шут, опшивка и завршни градежни работи. Затоа одлуката мора да биде внимателна и информирана.

Енергетска ефикасност – клучниот фактор

Главната улога на ПВЦ прозорот е да обезбеди максимална енергетска ефикасност – односно да ги намали загубите на топлина во зима и прегревањето во лето.

Uw = 1.0 W/m²K е коефициент кој ја означува вкупната топлинска спроводливост на прозорот (профил + стакло). Колку е пониска вредноста, толку е подобра изолацијата. Денес, со зголемените цени на енергенси, прозорците со ниска Uw вредност директно значат пониски сметки за струја и греење.

Освен топлинската изолација, сè поголемо значење има и звучната изолација, особено во урбани средини. Квалитетниот трослоен термопан со различна дебелина на стаклата може значително да ја намали бучавата од сообраќај и надворешни влијанија.

Профилот не е сè

Често прозорците се именуваат според брендот на профилот: Трокал, Комерлинг, Саламандер, Рехау, Века и други. Но профилот е само еден дел од целината.

Многу поважно од името на профилот е:

  • квалитетот на термопанот,
  • дебелината и видот на армирањето (железото),
  • типот на оковот,
  • начинот на производство,
  • и најважно – стручната монтажа.

Термопанот – срцето на изолацијата

Околу 80% од површината на прозорот е стакло, што значи дека токму термопанот има најголемо влијание врз изолацијата.

Современите решенија вклучуваат:

  • нискоемисиони стакла (Low-E),
  • 4 сезони стакла,
  • полнење со аргон,
  • топли дистанционери наместо алуминиумски,
  • трослоен термопан со дебелина до 50 мм.

Трослоен термопан со Ug = 0.5 W/m²K обезбедува до 5 пати подобра изолација во споредба со стандарден двослоен термопан од 24 мм со Ug = 2.7 W/m²K.

Дополнително, модерните стакла со меко покритие нудат значително подобри изолациски својства од постарите генерации со тврдо покритие.

Безбедност и стабилност

Армирањето (железото во профилот) е клучно за стабилноста. Без соодветна дебелина, прозорот може да се искриви со тек на време.

Оковот, пак, директно влијае на функционалноста и безбедноста. Современите системи со безбедносна класа RC2/WK2 обезбедуваат зголемена заштита од кражби, што е сè поважен аспект за домовите и деловните објекти.

Прецизна изработка и CNC технологија

Денешното производство на прозорци користи CNC машини кои овозможуваат минимално човечко влијание и максимална прецизност. Тоа значи подобро дихтување, подолг век на траење и помала можност за грешки.

Долгорочна сигурност

Во време кога на пазарот функционираат стотици компании за ПВЦ столарија, важно е да се избере стабилен и докажан изведувач кој ќе биде присутен и по 10 или 20 години – за сервис, гаранција и поддршка.

Прозорецот не е трошок – тој е инвестиција во комфор, сигурност и енергетска заштеда. Затоа одлуката треба да се темели на целокупниот систем, а не само на името на профилот или најниската цена.

Тагови: енергија топлина ПВЦ прозори

Промовирани огласи »

ЈСП Скопје воведе онлајн надополнување на картичките за јавен превоз

Скопјани сега можат да ги надополнуваат своите картички за автобус од дома – онлајн, за неколку минути и без редови на билетарници.

Јавното сообраќајно претпријатие во Скопје официјално воведе нова услуга што им овозможува на корисниците на јавниот превоз да ги надополнуваат своите картички онлајн, без потреба да одат до билетарница. Новата функционалност е достапна преку официјалната веб-страница на претпријатието и е наменета да го поедностави и забрза пристапот до услугите за патниците.

Од ЈСП објаснуваат дека процесот за надополнување е едноставен и интуитивен и воедно треба да придонесе за намалување на гужвите на продажните места. Услугата овозможува плаќање преку мобилен телефон или компјутер, при што корисниците можат да изберат дали сакаат да надополнат одреден износ средства или да купат билети за возење.

Како да ја надополните картичката онлајн?

  • Влезете на официјалната страница skopjebus.mk.
  • Изберете ја опцијата „Надополни картичка“.
  • Внесете ги потребните податоци за вашата картичка.
  • Одберете дали сакате да надополните со билети или со паричен износ.
  • Потврдете ја трансакцијата и завршете ја постапката.

Тагови: Јавно Сообраќајно Претпријатие (ЈСП) онлајн купување

Промовирани огласи »

Предлог-законот за изменување на Законот за минимална плата во матичната собраниска Комисија

Ќе се изгласа ли минимална плата од 600 евра?

Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за минимална плата во Република Северна Македонија во прво читање денеска е на дневен ред на седницата на собраниската Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика.
Овластен предлагач е претседателот на СДСМ, Венко Филипче, а останати предлагачи се пратениците Бисера Костадиновска Стојчевска, Благој Бочварски, Борче Цветков, Венко Филипче, Горан Мисовски, Даниела Николова, Димитар Ковачевски, Јован Митрески, Јованка Тренчевска, Љупчо Николовски, Миле Талевски, Митко Трајчулески, Моника Зајкова, Оливер Спасовски, Сања Лукаревска, Славјанка Петровска, Соња Мираковска, Фатмир Битиќи.

Со  предлог-законот се предлага минималната плата во државава да изнесува 600 евра.

Истиот предлог-закон потоа е ставен и на дневен ред на Законодавно-правната комисија.

Тагови: минимална плата собрание

Промовирани огласи »

Нови правила за пушење во кафеаните

Дозволено пушење цигари ќе има во простори, тераси кои ќе треба да бидат отворени од најмалку две страни.

Дозволено пушење цигари ќе има во простори, тераси кои ќе треба да бидат отворени од најмалку две страни.Првичниот предлог закон кој предвидуваше најмалку отворени три страни во просторот, има измени по последната средба меѓу угостителите и претставниците на Владата.

Оваа одлука доаѓа откако институциите утврдиле дека голем дел од објектите немаат техничка можност да ги отворат терасите од три страни. Сепак, забраната за пушење во затворените делови на објектите останува целосна и категорична.

Во деловните простори, во внатрешноста, нема да се пушат цигари, ’ајкос’ или ’вејп’. На терасите ќе продолжи да се пуши, со обврска да ги приспособиме на новиот закон – да бидат отворени од минимум две страни и заградени до висина од 1,40 метри поради безбедност и природно проветрување, изјави Перица Голомеиќ, претседател на Туристичко-угостителската комора.

Иако угостителите бараа одложена примена од три години, извесно е дека ќе добијат рок од најмногу една година по стапувањето на сила на законот за да ги приспособат своите објекти.

Тагови: Влада на РСМ забрана за пушење цигари

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »