Промовирани огласи »

Која земја во Европа има најниска минимална плата?

Не е Македонија

Албанија на крајот на јуни беше со најниска минимална плата во Европа. 

Податоците на Евростат покажуваат дека е така. Бруто месечната минимална плата во Албанија на крајот на јуни изнесувала 408 евра.  Во Албанија, минималната плата не е зголемена од 2023 година, што укажува дека куповната моќ се намалила поради повисоките цени, особено на храната, на која се трошат околу 40 проценти од приходите, посочи euronews.al. Во Европска Унија, според Евростат, највисока минимална плата има во Луксембург, 2.700 евра, во Германија, 2.160 евра, во Бугарија е 550 евра. 

foto freepik.com

Тагови: Европа минимална плата

Промовирани огласи »

Топ 10 скриени причини зошто секогаш сте под стрес на работа

Стресот на работа не е случаен – дознајте кој ви ја краде енергијата

Стресот на работното место е нешто со кое се соочуваат речиси сите. Но, не секогаш е јасно од каде доаѓа. Понекогаш дури и кога имате добра плата, стабилна позиција и коректни колеги – чувството на притисок не исчезнува. Причината често се крие во „невидливите“ фактори што секојдневно ви ја трошат енергијата.

Еве ги 10-те најчести скриени причини:

1. Постојана достапност

Работата не завршува со излегувањето од канцеларија – мејловите, пораките и повиците прават да се чувствувате дека сте „дежурни“ 24/7.

2. Недефинирани задачи

Кога не знаете точно што се очекува од вас, мозокот работи во „аларм“ режим – што доведува до дополнителен стрес.

3. Микроменаџмент

Шеф кој постојано ве контролира ја уништува вашата самостојност и создава чувство на недоверба.

4. Нереални рокови

Дури и наједноставните задачи стануваат извор на стрес кога роковите се поставени премногу кратко.

5. Недостаток на признание

Кога трудот не ви е забележан, и најголемата посветеност изгледа бесцелна.

6. Лоша организација во тимот

Кога нема јасна поделба на одговорности, хаосот и префрлањето на вина го зголемуваат притисокот.

7. Постојано мултитаскинг

Се чини како да сте поефикасни, но всушност мултитаскингот ви ја троши концентрацијата и го зголемува стресот.

8. Нездрава работна средина

Од токсични колеги до премногу бучава – амбиентот често игра огромна улога во тоа како се чувствувате.

9. Недостаток на паузи

Седењето со часови без одмор или брзање за „да не заостанете“ создава хронична напнатост.

10. Внатрешен притисок

Најтешкиот стрес често не доаѓа од шефот или колегите – туку од самите вас и вашите високи очекувања.

Запомнете: Стресот не мора да биде вашата секојдневна реалност. Препознавањето на скриените причини е првиот чекор кон подобро справување и создавање побалансирана работна средина.

Прочитајте и за: Како да препознаете тивко отпуштање во вашата компанија

Тагови: HR совети за работа стрес на работно место токсично работно место

Промовирани огласи »

Повеќе деца, поголема пензија – ќе добијат ли жените во Македонија стаж за мајчинство?

Повеќе деца, поголема пензија – ќе добијат ли жените во Македонија стаж за мајчинство?

Во Србија веќе се отвори нова страница во пензискиот систем: мајките ќе добиваат „посебен стаж“ кој директно ќе им ја зголеми идната пензија.
Од 2032 година ова право ќе го имаат и оние со едно или две деца, додека мајките со три и повеќе деца ќе може да аплицираат веднаш.

Со тоа, на пример, жена која има 30 години работен стаж, ќе биде третирана како да има 32.

Разликата на хартија изгледа скромно, но во реалноста – тоа значи повисока пензија, повеќе сигурност, па и една доза признание за нешто што одамна требаше да биде вреднувано: мајчинството.

Системот не е измислен во Белград – напротив, Србија само го следи патот на дел од земјите во ЕУ.

Во Германија уште во 2014 година се воведе дополнителен стаж за мајките (и татковците, па и старатели и баби и дедовци) со што милиони жени добија повисоки примања на старост.

Од 2027 година таму дури и ќе се исплаќаат по 20 евра месечно по дете. Слични мерки има и во Австрија, Франција, Шведска…

А кај нас? Македонија одамна ја води истата битка со демографијата – празни села, младите заминуваат, бројот на новороденчиња паѓа од година во година.

Прашањето кое сè почесто се поставува е дали државата ќе има храброст да воведе вакви мерки и кај нас.

Да, тоа би чинело пари. Но ако не се вложи сега, ќе платиме уште поскапо подоцна, кога цел еден систем на пензиско осигурување ќе почне да се ломи под тежината на бројките.

Економистите предупредуваат: буџетот е веќе на раб, но со внимателно моделирање на системот – можеби постепено воведување или ограничување на поволностите само за мајки со повеќе деца – државата би можела да го издржи товарот.

Од друга страна, ова не е само финансиска мерка, туку и јасен сигнал дека мајчинството е општествена вредност.

Ова не е само прашање на финансии, туку на визија. Доколку сакаме да ја стимулираме наталитетната политика и да создадеме чувство на сигурност кај младите родители, мора да им дадеме реална поддршка. Признавањето на мајчинството како работен придонес би било силна порака дека државата ги цени семејните вредности. Да, ќе има финансиски товар, но тоа е инвестиција – а инвестициите во луѓе секогаш се најисплатливи, коментираат експертите.

Ќе има ли слух за тоа? Засега молк. Но како што се движи ситуацијата, се чини дека дебатата неминовно ќе дојде и во Скопје.

И можеби порано отколку што мислиме…

Тагови: пензија Србија стаж

Промовирани огласи »

„Крвавата месечина“ ќе биде видлива за речиси 7 милијарди луѓе на планетата

Не пропуштајте ја шансата да бидете дел од овој редок небесен спектакл!

Целосно затемнување на Месечината годинава за сите љубители на астрономијата!

На 7 и 8 септември 2025 година ќе можеме да го видиме редок феномен на „Крвава месечина“. Цели 82 минути, Месечината ќе биде обвиена во темноцрвен сјај, создавајќи спектакл кој ќе биде достапен за скоро 7 милијарди луѓе на планетата.

Најдолгото затемнување од 2022 година

Тоа ќе биде најдолгото целосно затемнување на Месечината од 2022 година и околу 85 проценти од светската популација ќе има привилегија да го набљудува. Спектаклот ќе ги воодушеви сите, особено тие во делови од Азија, централна и источна Африка, како и Австралија, каде што Месечината ќе се гледа во целосно црвена фаза.

Незаборавен призор на глобално ниво

Области од остатокот од Африка, Европа и делови од Австралија, како и источниот брег на Бразил, ќе бидат сведоци на барем дел од овој уникатен спектакл. Не пропуштајте ја шансата да бидете дел од овој небесен спектакл!

Тагови: месечина Крвавата месечина

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »