Промовирани огласи »

Што ако се повредите на работно место? Кои се вашите права и кога добивате надомест

Кога имате право на паричен надоместок?

Осигуреникот кај кого телесно оштетување ќе настане за време на траењето на осигурување се стекнува со право на паричен надоместок за телесно оштетување под истите услови во поглед на пензискиот стаж под кои се здобива со правото на инвалидска пензија.

Условите се следни:

  • телесното оштетување да е причинето  со повреда на работа или професионална болест – без оглед на должината на пензискиот стаж.
  • телесното оштетување да е причинето со повреда надвор од работа или со болест под услов пред настанувањето на инвалидноста, односно на денот на престанокот на осигурувањето по настанатата инвалидност да е постар од 45 години живот и да има навршени најмалку 12 години пензиски стаж или
  • телесното оштетување да е причинето со повреда надвор од работа или со болест, доколку осигуреникот има навршено над 30 до 37 години живот, треба да има пензиски стаж кој му покрива 30% од работниот век, сметајќи го работниот век на полни години, а осигуреникот има навршено над 37 до 45 години живот, треба да има пензиски стаж кој му покрива 40% од работниот век, сметајќи го работниот век на полни години.

Осигуреник кај кого телесното оштетување настанало пред навршување на 30 години живот како последица на повреда надвор од работата или болест се здобива со право на надоместок за телесно оштетување ако на денот на настанувањето на телесното оштетување  имал својство на осигуреник и ако:

  • телесното оштетување  настанало до навршување на 20 години живот, ако имал најмалку шест месеци стаж на осигурување;
  • телесното оштетување  настанало до навршување на 25 години живот, ако имал најмалку девет месеци стаж на осигурување и
  • телесното оштетување  настанало до навршување на 30 години живот, ако имал најмалку 12 месеци стаж на осигурување.

Право на паричен надоместок за телесно оштетување осигуреникот стекнува независно од тоа дали се стекнал и користи и некое друго право од пензиското и инвалидското осигурување.

Не се стекнува право на паричен надоместок за телесно оштетување од 30% до 40% според листата на телесни оштетувања, кое настанало како последица на болест или повреда надвор од работата, за телесно оштетување кое постоело пред стапувањето во работен однос, како и за подоцнежното влошување на тоа телесно оштетување. По исклучок кога пред стапувањето во работен однос постоело телесно оштетување на еден од парните органи, а подоцна настапи оштетување на другиот истоветен орган, осигуреникот стекнува право на паричен надоместок за телесно оштетување на двата органи.

Висината на паричниот надоместок за телесно оштетување се определува според утврдениот процент на телесното оштетување од следниве основици:

  • 9% од просечната плата остварена во Републиката во претходната година кога телесното оштетување е предизвикано со повреда на работа или со професионална болест и
  • 7% од просечната плата остварена во Републиката во претходната година кога телесното оштетување е предизвикано со болест или повреда надвор од работата.

Ако постојат две или повеќе телесни оштетувања вкупниот процент се определува на тој начин што на поголемиот процент се додава, и тоа по:

  • 20% за секое натамошно телесно оштетување од 50% или повеќе 
  • 10% за секое натамошно телесно оштетување од 40% и 30%.

На корисникот на паричен надоместок за телесно оштетување во случај на влошување на постојното телесно оштетување или нов случај на телесно оштетување, му се определува паричен надоместок според новиот, односно вкупниот процент на телесно оштетување.

Тагови: работа Фонд на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија (ФПИОСМ) телесни повреди

Промовирани огласи »

Денес ќе почне мирно, но потоа следи промена

Промена што ќе ја почувствуваат сите

Променливо облачно време, со повремени врнежи од дожд кои најпрво ќе започнат во јужните делови, а потоа постепено ќе се прошират и во останатите региони. На планинските подрачја врнежите ќе бидат од снег, а во текот на ноќта и утре претпладне дождот ќе преминува во снег и во дел од повисоките места. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Времето во Скопје: Претежно облачно и со појава на магла. Попладне и во текот на ноќта се очекуваат повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.

Временска прогноза за Скопје. За другите градови кликни ТУКА.

21.4.2026 Вторник   10° / 14° 07:46   21:23
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h


















14°
14°
13°
11°
10°
10°

4

4

4

3

2

2
22.4.2026 Среда   / 16° 07:44   21:24
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h
10°
10°
10°






10°
11°
13°
14°
15°
16°
16°
16°
15°
14°
12°
10°
10°



2

3

3

2

2

2

3

3

3

3

3

3

3

3

2

3

3

3

4

3

4

4

4

4
23.4.2026 Четврток   / 16° 07:43   21:25
0h1h2h3h4h5h6h7h8h9h10h11h12h13h14h15h16h17h18h19h20h21h22h23h










10°
12°
13°
14°
15°
15°
16°
16°
16°
15°
13°
11°



5

5

5

4

4

4

3

3

4

3

4

4

5

4

4

4

4

4

4

4

3

2

2

2

Промовирани огласи »

Експлозивен старт на 2026: ИТ секторот и логистиката го предводат растот на вработувањата во Македонија

Повеќе од само касиери: Јануарската статистика открива дека програмерите и возачите се најбараната позиција во 2026

Пазарот на труд во Македонија ја започна 2026 година со силен оптимизам — анализата спроведена со HR Scanner, развиен од Pikasa.ai, покажува дека бројот на активни компании што вработуваат пораснал за 28%, што укажува на широка и зголемена побарувачка за кадар низ целата економија.“

ИТ секторот бележи хипер-раст: бројот на компании што бараат ИТ кадар речиси се удвои (+96%), што јасно укажува на забрзана дигитализација низ сите индустрии.

Транспортот и логистиката испраќаат силен економски сигнал – побарувачката за возачи порасна за 39%, а растот на менаџерски позиции (+35%) најавува нови тимови и проширување на бизнисите.

Тагови: HR трендови пазарот на труд HR Scanner

Промовирани огласи »

Започнувањето со работа пред 10 часот наутро е тортура за твојот ум и тело

Зошто работниот ден треба да почнува во 10:00: Науката вели дека 9:00 не е природно за повеќето луѓе

Многумина едноставно живееме со хроничен недостиг на сон, но постои едноставно решение: почнување со работа подоцна — околу 10 часот наутро. Според д-р Пол Кели од Универзитетот во Оксфорд, биолошките ритми на луѓето не се усогласени со традиционалниот почеток од 9 часот, па затоа студенти и работници се изморени и помалку продуктивни. Тој нагласува дека биолошкиот „внатрешен часовник“ се контролира од светлината и не може да се промени едноставно со присилување да се стане порано

Кели тврди дека ритамот на спиење и будење се менува со возраста и дека луѓето под 55 години во голема мерка се „извлечени“ од природните циклуси со почетокот на работниот ден во 9 часот. Тој предложува различни почетоци на работниот ден за различни возрасти—на пример, 30-тите би можеле да почнат со работа околу 10:00, а тинејџерите дури подоцна—за да се согласат со нивните природни ритми.

Подоцна започнување со работа може да има позитивни ефекти не само врз продуктивноста, туку и врз здравјето, расположението и намалување на несреќи, бидејќи луѓето би биле помалку уморни и поспособни да се фокусираат. Според Кели, прилагодување на работното време на нашите биолошки ритми може да доведе до повисоко учество, помал стрес и подобар општ квалитет на живот.

Тагови: здравје ментално здравје работни навики

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »