Промовирани огласи »

Америка можно е да добие нова валута. 

Администрацијата на претседателот Џо Бајден го поддржува истражувањето за одржливоста на дигиталниот долар, oбјави Блумберг. 

Дигиталниот долар може да биде добро решение за Американците кои немаат пристап до банкарски сметки или системи за лесно плаќање, изјави Џенет Јелен, американската министерка за финансии.

Објасни дека дигиталната верзија на доларот може да помогне во надминување на пречките во вклучувањето на домаќинства со пониски примања во финансискиот систем.

Премногу Американци немаат пристап до системи за лесно плаќање и банкарски сметки, и тоа е она што дигиталниот долар, како дигитална валута на централната банка, може да помогне. Тоа би довело до побрзи, побезбедни и пониски плаќања, што се важни цели, објасни Јелен.

Голем број централни банки, вклучувајќи ги и Федералните резерви на САД, прават истражување за тоа како може да се користи дигиталната верзија на нивните валути. Но, има скептични по ова прашање. 

Промовирани огласи »

Во новиот пакет мерки ќе има помош и за радиодифузерите

Се одобруваат средства во износ од 50.000.000,00 денари

Донесена  е одлука за мерката финансиска поддршка за радиодифузери од Пакетот 5.

Владата  денеска во рамки на 48-мата седница ја разгледа и донесе Одлуката за одобрување на средства од Буџетот на Република Северна Македонија за 2021 година.
 
Со Одлуката се одобруваат средства во износ од 50.000.000,00 денари на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ), како поддршка за справување со кризата предизвикана од коронавирусот КОВИД-19, а заради реализација на мерка три од петтиот пакет економски мерки, со која ќе се обезбедат средства за финансиска поддршка на радиодифузерите за надомест на средства платени по основ на такси, давачки и надоместоци за вршење радиодифузна дејност и кои се документирани во финансиската евиденција на АВМУ. Притоа, се задолжува Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија, средствата од оваа одлука да ги уплати на (наменска) сметка на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Согласно Одлуката, овие средства Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, треба да ги искористи исклучиво за намената за која што се доделени, односно заради надоместување на средствата кои не се реализирани по основ на наплата на такси, давачки и надоместоци за вршење радиодифузна дејност и кои се документирани во финансиската евиденција на АВМУ. За искористувањето на средствата Агенцијата ќе треба да достави Извештај до Владата на Република Северна Македонија, во рок од 15 дена од завршување на активностите. Во Извештајот, ќе биде потребно поединечно да се набројат секој од радиодифузерите со висина на надоместокот кој го должел и е покриен со средствата од оваа Одлука, како и бројот на фактура со кој истиот бил задолжен, соопштуваат од Владата. 
 
Агенцијата е должна да достави примерок од Извештајот и до Управата за јавни приходи за потребите на системот на данокот на додадена вредност и реализација на целите на данокот на додадена вредност. При утврдени неправилности и ненаменско користење на средствата потребно е Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги средствата да ги врати во Буџетот на Република Северна Македонија. Оваа одлука влегува во сила со денот на донесувањето.

Промовирани огласи »

По промената на улиците, фирмите ќе ја менуваат и комплетната документација

Ова ќе доведе до дополнителни трошоци за компаниите.

Откако Советот на Град Скопје ја усвои листата на регистарот на имиња на улици, градоначалникот Шилегов на Фејсбук објави дека целата процедура повлекува и други импликации, а фирмите се особено засегнати. 

По реакциите на граѓаните, Шилегов објасни дека нивните документи ќе важат до моментот на нивното истекување и нема потреба да ги менуваат порано поради промената на имињата на улиците во главниот град. Меѓутоа, што се однесува до компаниите, тие ќе мора да ја средат целосната документација, со оглед на тоа што секоја промена треба да биде пријавена и внесена во Централниот регистар. 

Ова ќе доведе до дополнителни трошоци за компаниите, поради тоа што ќе мора да ги внесат промените во сите валидни документи, кои ќе мора да ги содржат новите податоци, односно во овој случај седиштето на фирмата. 

Промовирани огласи »

Свадбените прослави остануваат забранети

Се уште нема дозвола за свадби.

За помош на угостителите може да се разговара, но олабавувањето на мерките и дозвола за организирање свадби, како што бараат, нема да има се додека Комисијата за заштита од заразни болести не одлучи дека се создадени услови за тоа.

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи вели дека останува подготвен за соработка и дијалог со угостителите, но нема да оди против одлуките на Комсијата, објави Вечер.мк.

Немам доблест, немам храброст да одам против Комисијата. Секој треба на професионален начин да одработи, ако Комисијата вели нема околности за олабавување треба да им веруваме. Јас сум отворен за средби, отворен бев и пред пакетот мерки. Мислам дека решенијата се изнајдени, треба само соодветно да ги искомуницираме. Сите сме погодени од кризата, некој здравствено некој економски, сега е битно да видиме колку погодени ќе излеземе од кризата. Ќе разговарам со секој кој смета дека има потреба од разговор, рече вицепремиерот Битиќи.

Угостителите, според вицепремиерот Битиќи, не се изземени од ниту една мерка и за нив се предвидени и неповратни средства, значително поголеми во моментот кога ќе почнат со работа Попладнево угостителите повторно ќе излезат на протест. Овој пат ќе протестираат пред Влада. Нивните барања се да се донесат протоколи за да можат да почнат со работа рестораните за организирани настани кои цела година се под клуч, а инсистираат на брзо утврдување на мерките повикувајќи се на почетокот на сезоната за свадби.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »