ТУРИСТИЧКИ АГЕНТ ЗА ПРОДАЖБА И ПОДГОТОВКА НА АРАНЖМАНИ
Камелија Турс го проширува својот тим и бара одговорна, организирана и искусна личност за работа во туристичкиот сектор.
Работни задачи:
- Продажба и презентација на туристички аранжмани.
- Комуникација со клиенти и деловни партнери.
- Обработка на барања и резервации до нивна конечна потврда.
- Подготовка, креирање и прилагодување на туристички аранжмани.
- Изработка на понуди, калкулации и потребна документација.
Потребни услови:
- Минимум 3 години работно искуство во туристичка агенција
- Одлично познавање на македонски и англиски јазик (говор и пишување).
- Добро познавање на Microsoft Office, електронска пошта и работа со компјутер.
- Искуство со Booking и резервациски системи.
- Организираност, прецизност и почитување на рокови.
Предност, но не и задолжителен услов:
- Познавање на албански јазик.
- Познавање на GDS системи (Amadeus, Galileo, Sabre).
- Искуство со чартер програми и групни патувања.
- Познавање на туристички дестинации.
Што нудиме:
- Работно време во две смени: 09:00–16:00 и 11:00–18:00 часот.
- Работна сабота секоја втора недела.
- Професионална и стабилна работна средина.
- Можност за професионален развој и напредување.
- Можност за дополнителни приходи преку службени патувања
Локација: Скопје
Почеток со работа: 01.02.2027 година.
Рок за пријавување: 30.12.2026 година.
Вашата биографија испратете ја преку копчето Аплицирај подолу или на е-маил: [најави се за да го видиш е-маилот]