Промовирани огласи »

Во новиот пакет мерки ќе има помош и за радиодифузерите

Се одобруваат средства во износ од 50.000.000,00 денари

Донесена  е одлука за мерката финансиска поддршка за радиодифузери од Пакетот 5.

Владата  денеска во рамки на 48-мата седница ја разгледа и донесе Одлуката за одобрување на средства од Буџетот на Република Северна Македонија за 2021 година.
 
Со Одлуката се одобруваат средства во износ од 50.000.000,00 денари на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ), како поддршка за справување со кризата предизвикана од коронавирусот КОВИД-19, а заради реализација на мерка три од петтиот пакет економски мерки, со која ќе се обезбедат средства за финансиска поддршка на радиодифузерите за надомест на средства платени по основ на такси, давачки и надоместоци за вршење радиодифузна дејност и кои се документирани во финансиската евиденција на АВМУ. Притоа, се задолжува Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија, средствата од оваа одлука да ги уплати на (наменска) сметка на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Согласно Одлуката, овие средства Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, треба да ги искористи исклучиво за намената за која што се доделени, односно заради надоместување на средствата кои не се реализирани по основ на наплата на такси, давачки и надоместоци за вршење радиодифузна дејност и кои се документирани во финансиската евиденција на АВМУ. За искористувањето на средствата Агенцијата ќе треба да достави Извештај до Владата на Република Северна Македонија, во рок од 15 дена од завршување на активностите. Во Извештајот, ќе биде потребно поединечно да се набројат секој од радиодифузерите со висина на надоместокот кој го должел и е покриен со средствата од оваа Одлука, како и бројот на фактура со кој истиот бил задолжен, соопштуваат од Владата. 
 
Агенцијата е должна да достави примерок од Извештајот и до Управата за јавни приходи за потребите на системот на данокот на додадена вредност и реализација на целите на данокот на додадена вредност. При утврдени неправилности и ненаменско користење на средствата потребно е Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги средствата да ги врати во Буџетот на Република Северна Македонија. Оваа одлука влегува во сила со денот на донесувањето.

Промовирани огласи »

По промената на улиците, фирмите ќе ја менуваат и комплетната документација

Ова ќе доведе до дополнителни трошоци за компаниите.

Откако Советот на Град Скопје ја усвои листата на регистарот на имиња на улици, градоначалникот Шилегов на Фејсбук објави дека целата процедура повлекува и други импликации, а фирмите се особено засегнати. 

По реакциите на граѓаните, Шилегов објасни дека нивните документи ќе важат до моментот на нивното истекување и нема потреба да ги менуваат порано поради промената на имињата на улиците во главниот град. Меѓутоа, што се однесува до компаниите, тие ќе мора да ја средат целосната документација, со оглед на тоа што секоја промена треба да биде пријавена и внесена во Централниот регистар. 

Ова ќе доведе до дополнителни трошоци за компаниите, поради тоа што ќе мора да ги внесат промените во сите валидни документи, кои ќе мора да ги содржат новите податоци, односно во овој случај седиштето на фирмата. 

Промовирани огласи »

Свадбените прослави остануваат забранети

Се уште нема дозвола за свадби.

За помош на угостителите може да се разговара, но олабавувањето на мерките и дозвола за организирање свадби, како што бараат, нема да има се додека Комисијата за заштита од заразни болести не одлучи дека се создадени услови за тоа.

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи вели дека останува подготвен за соработка и дијалог со угостителите, но нема да оди против одлуките на Комсијата, објави Вечер.мк.

Немам доблест, немам храброст да одам против Комисијата. Секој треба на професионален начин да одработи, ако Комисијата вели нема околности за олабавување треба да им веруваме. Јас сум отворен за средби, отворен бев и пред пакетот мерки. Мислам дека решенијата се изнајдени, треба само соодветно да ги искомуницираме. Сите сме погодени од кризата, некој здравствено некој економски, сега е битно да видиме колку погодени ќе излеземе од кризата. Ќе разговарам со секој кој смета дека има потреба од разговор, рече вицепремиерот Битиќи.

Угостителите, според вицепремиерот Битиќи, не се изземени од ниту една мерка и за нив се предвидени и неповратни средства, значително поголеми во моментот кога ќе почнат со работа Попладнево угостителите повторно ќе излезат на протест. Овој пат ќе протестираат пред Влада. Нивните барања се да се донесат протоколи за да можат да почнат со работа рестораните за организирани настани кои цела година се под клуч, а инсистираат на брзо утврдување на мерките повикувајќи се на почетокот на сезоната за свадби.

Промовирани огласи »

Apple го презеде владеењето од Samsung во поглед на глобалната продажба на „смарт“ телефони. Во четвртото тромесечје од 2020 година, компанијата со седиште во Купертино, Калифорнија, го врати првото место на таа скала по пет години на места пониско од јужнокорејската компанија и другите на пазарот.

Според истражувањето и консултантската фирма „Гартнер“, лансирањето на „iPhone 12“, кој ја претстави серијата 5G на фирмата и помогна на компанијата „Apple“ да забележи двоцифрен раст во четвртото тромесечје од 2020 година.

Овој факт и помогна на фирмата предводена од Тим Кук да ги надмине Huawei и Samsung на листата на глобални продажби на „смарт“ телефони. Според консултантите, последен пат „Apple“ успеа да стане главен снабдувач на „смарт“ телефони во четвртото тромесечје од 2016 година.

И покрај здравствената и економската криза, Apple успеа да ја зголеми својата продажба за скоро 14,9% на годишно ниво, додека Samsung ја намали продажбата за 11,8%. Компанијата основана од Стив Џобс, успеа да продаде 79,9 милиони iPhone телефони минатата година, 10 милиони повеќе отколку во 2019 година. Од друга страна, Samsung продаде 62,1 милиони во 2020 година, приближно осум милиони помалку од 2019 година, според податоците на Гартнер.

Иако според IDC, друга компанија за аналитиза на податоци, Apple успева да продаде 90,1 милиони „смарт“ телефони во последните три месеци од минатата година, додека Samsung достигнува 73,9 милиони. Сепак, факт е дека компанијата од Купертино успеа да се врати на првото место на пазарот.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »