KARIERA.mk logo
  • Барај
  • Нов оглас
  • Најави се
  • ЗАЧЛЕНИ СЕ
    • Физичко лице
    • Компанија
    • Најави се
    • Зачлени се - Физичко лице
    • Зачлени се - Компанија
Работа Вести Моја Кариера Настани

Промовирани огласи »

Трговско друштво СИТИ ЛОГИСТИК ГРУП ДООЕЛ Скопје лого
Трговско друштво СИТИ ЛОГИСТИК ГРУП ДООЕЛ Скопје
Лице за обезбедување/мониторинг - Раководител на смена
Тезенис лого
Тезенис
Асистент во продажба - City Mall - скратено работно време
ХАИЛОНГ ЛИУ ДООЕЛ лого
ХАИЛОНГ ЛИУ ДООЕЛ
Хигиеничар/ка во кујна
ВЕСТИ

Бугарски здруженија во Македонија бараат секој кој ќе се изјасни за Бугарин, да добие пасош

Со „македонски Бугарин“ до државјанство по скратена постапка

22 февруари 2021 - на 2.2021

Додека Скопје и Софија бараат компромис, претседателот на Бугарија Румен Радев со поддршка за барањето на невладини организации од Македонија лицата кои на пописот ќе се изјаснат како Бугари да добијат бугарски пасош.

 

Секој што на пописот ќе се изјасни како Бугарин да добие пасош по брза постапка – вакво писмо до државниот врв во Софија испратил т.н. културен центар „Иван Михајлов“ од Битола. Ваквото барање во писмото го оправдуваат со тоа што тврдат дека тие во земјава се соочувале со дискриминација и стравуваат јавно да го искажат својотнационален идентитет. Доказ за тоа според нив бил фактот дека илјадници граѓани во земјава се декларирале како Бугари за да добијат државјанство, но на пописот се изјаснувале како Македонци. Тоа според нив би било променето доколку се поедностави процедурата за добивање на државјанство, со што тие би биле заштитени од дискриминација.

Барањето наиде на експресен одговор од бугарскиот Претседател Румен Радев, кој даде поддршка до идејата и побара навремена реакција од соодветните институции во Бугарија, но и во Македонијаза како што посочи, Бугарите кои се соочуваат со проблеми во земјава.

,,Бугарските институции треба да ги олеснат постапките за стекнување бугарско државјанство за оние кои отворено го изјаснуваат својот бугарски идентитет. Институциите кај нашиот југозападен сосед треба да го гарантираат правото на нашите сонародници да се само идентификуваат како Бугари по потекло, во согласност со принципите на меѓународното право.

За сега бугарскиот претседател е единствениот кој излезе со став за барањето на културниот клуб во Битола, но не и премиерот Борисов или пак шефицата на бугарската дипломатија Захариева до кои писмото исто така беше адресирано.

Бугарски здруженија во Македонија бараат секој кој ќе се изјасни за Бугарин, да добие пасош

Промовирани огласи »

Фортуна МК лого
Фортуна МК
Комерцијалист
САНИК ИНЖЕНЕРИНГ ДООЕЛ лого
САНИК ИНЖЕНЕРИНГ ДООЕЛ
Референт во сектор за финансии
ДТ Стокомак ДОО лого
ДТ Стокомак ДОО
Продавач/ка - Касиер/ка - Тафталиџе
ВЕСТИ

Менувањето на имињата на улиците ги разбранува социјалните мрежи

Повторно ќе се менуваат имиња на улици, плоштади, мостови и други објекти. Кој е вашиот став?

22 февруари 2021 - на 2.2021

Менувањето на имињата на улиците ги разбранува социјалните мрежи.

Едно од моите предизборни ветувања беше враќање на идентитетот на Скопје. Ги враќаме старите имиња на добро познатите скопски улици“, вели скопскиот градоначалник Петре Шилегов. Менувањето на имињата на улиците е идентитетски геноцид, изјави претседателот на Патриотски институт на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Пандов. Кое е Вашето мислење?

Повторно ќе се менуваат имиња на улици, плоштади, мостови и други објекти. Град Скопје со предлог листа од 570 имиња, меѓу кои „Лева Патика“, „Бис Без’ „Медена Земја“, „Дејвид Боуви“, „ Квин“. Ќе има улици кои ќе се преименуваат по името на новинарот Никола Младенов, пејачката Вања Лазаревска, спортистите Атина Бојаџи, Благоја Георгиевски – Боштур, писателите Славко Јаневски, Петре М. Андреевски, Блаже Конески, Владо Малески. Советниците во градското Собрание деновиве ќе ги гласаат предложените називи. Се враќаат и стари имиња на улиците иако дел од нив беа пред само неколку години преименувани. Граѓаните сметаат дека се работи за политика, а не суштинска потреба од менување на имињата. 

Таксистите кои постојано се низ градот велат секоја промена за нив е проблем бидејќи губат многу време во учење на новите имиња. 

Дел од скопските улици ќе ги носат имињата на личности како Дукаѓини Лек воен водач, албански благородник, Колиќи Ернест (1903-1975), Министер за образование на Албанија, Шуку Халим, делегат во втората Призренска лига. Градоначалник на Урошевац.

Предлог има и за улица Нивици, името на местото каде се потпиша Преспанскиот договор. 

Опозицијата обвинува, наместо да се градат улици, мостови, тунели, градоначалникот ќе става нови имиња кои немаат врска со македонската историја ниту со главниот град. 

Во Законот за лична карта член 8 пишува дека секој граѓанин кој ќе промени живеалиште или ќе изврши промена на лично име му се издава нов документ. 

„При промена на адресата на станот на живеалиштето, граѓанинот е должен во рок од 30 дена да поднесе барање за замена на личната карта со нова.“

Членот 15 од истиот закон, став 6  предвидува и казна за граѓаните кои нема да ја променат личната карта. Ќе платат од 20 до 80 евра.

Промовирани огласи »

ФМС дооел лого
ФМС дооел
Референт за набавки и достава
Тд Грандпром-Зур ДООЕЛ Скопје лого
Тд Грандпром-Зур ДООЕЛ Скопје
Работник во материјално сметководство
Gyro House лого
Gyro House
Персонал за работа во кујна
ВЕСТИ

Задолжителен седумдневен карантин при влез во Грција

Задолжителниот седумдневен карантин при влез во Грција продолжен до 8 март

22 февруари 2021 - на 2.2021

Задолжителниот седумдневен домашен карантин за сите кои во Грција ќе влезат на било кој начин и со било кое средство е продолжен уште две седмици, односно до 8 март 2020 година.

Согласно министерската одлука од надлежните грчки министерства и новите одлуки на Агенцијата за цивилно воздухопловство на Грција, и понатаму во сила е задолжителната потврда за негативен ПЦР тест направен 72 часа пред патувањето, за сите оние кои до 8 март ќе пристигнат во Грција, а паралелно, при пристигнувањето, ќе се спроведуваат и брзи тестови за дел од патниците согласно предвидениот процес според податоците внесени во специјалниот формулар (Passenger Locator Form) за патување во Грција.

Одуката за домашниот карантин се однесува на патници од сите земји вклучувајќи ги и оние од Европската Унија, а доколку посетата на Грција трае помалку од седум дена, тогаш домашната изолација ќе трае за целиот период додека се во земјата, сѐ до нивното заминување.

За патниците од Велика Британија предвидени се посебни правила, односно за да излезат од седумдневниот карантин, потребно ќе биде, на седмиот ден, да направат ПЦР тест.

До 8 март, како што вчера објави МИА, продолжена е и одлуката за ограничување на копнените граници со Северна Македонија, Албанија и Турција, како и забраната за влез во Грција на државјани на трети земји, а од рано утрово стапи во сила.

Промовирани огласи »

Калцедониа лого
Калцедониа
Асистент за продажба - City Mall
Лидл Северна Македонија дооел лого
Лидл Северна Македонија дооел
Царински декаларант
Coniq лого
Coniq
QA Engineer
ВЕСТИ

Измамени потрошувачи сведочат: На полица една цена, на каса друга

Измамени потрошувачи сведочат дека производите имаат една цена на рафтовите по маркети, а друга во фискалната сметка. Дали некој маркет е казнет поради ваквите грешки?

22 февруари 2021 - на 2.2021

Измамени потрошувачи сведочат дека производите имаат една цена на рафтовите по маркети а друга во фискалната сметка. Случајност или не?

На рафт една цена, а на каса друга цена. Ова е честа појава во супермаркетите на што редовно се жалат граѓаните кои се револтирани поради тоа што, како што велат, “во очи нè прават будали“. Многу често граѓаните одат да пазарат во некој маркет токму поради одредени акции и попусти, а кога ќе дојдат на каса им ја куцаат редовната цена. Некои од граѓаните велат дека кога ќе дојдат дома и ќе ја видат фискалната сметка се чувствуваат измамени. Други, пак, кои се обиделе да го вратат производот на каса се соочиле со невкусни коментари од страна на касиерките.

Како што гласи онаа народната „кој ќе се изгори од млеко, дува и на јогурт„, па така и повеќето граѓани кои биле измамени сега се многу повнимателни кога се работи за цените на производите на акција.

Граѓаните реагираат и укажуваат дека тоа се недоразбирања кои најчесто се поврзани со ценовникот или со неправилно означување на производите. Најчесто цехот го плаќаат помалку внимателните купувачи, бидејќи овие трговски трикови многу тешко можат да се забележат кога се купува во поголеми количини.

Од Организацијата на потрошувачи на Македонија велат дека во законот за заштита на потрошувачи стои дека потрошувачот пред да донесе одлука за купување на некој производ треба да биде правилно информиран за цената по која го купува. Оттаму велат дека во ваков случај потрошувачите треба да ја платат цената која е на рафтот, а не онаа која е во компјутер. Доколку имаат проблем околу тоа треба да го пријават случајот во Пазарна инспекција.

Од Државниот пазарен инспекторат велат дека и до нив стигнуваат пријави за вакви неправилности по што тие излегуваат на терен и го проверуваат извештајот на каса во посочениот маркет. Доколку се утврди дека нема усогласеност во цените тогаш се преземаат санкции и се изрекуваат глоби за прекршителите.

Вчитај повеќе вести...

KARIERA.mk

Вистинската работа за тебе! Најмногу работни позиции, најголем број на кандидати! Понуди за практична работа, стипендии и соработка со едни од најдобрите компании во Македонија и Европа.

Повеќе за нас »

КОНТАКТ

[email protected]
Корисничка помош: 077 888 722
Продажба: 078 262 370

KARIERA.mk logo

ДОПОЛНИТЕЛНО

  • За проектот »
  • Мапа на сајтот »
  • Блог »
  • Политика за приватност »
  • Политика за користење на колачиња »
  • Услови за користење »
  • Услови и правила за продажба »
  • Контакт »
  • Податоци за компанијата »
  • Лого и графики »
  • Ценовник Вработување »
  • Маркетинг »
  • HR Scanner »
  • Референтна листа »
Copyright © 2016 - 2025 Кариера Онлајн
барај огласи за вработување »
Промени опции за колачиња
  • Огласи
    за Вас
  • Државна админ.
  • Уреди CV
  • Moja KARIERA
  • Вести