Промовирани огласи »

„Кројачот Ангелковски“, „Леб и сол“ и „Дејвид Боуви“ меѓу можните нови имиња на улици во Скопје

Постоечкиот регистер на имиња се предлага да биде дополнет со вкупно 571 име.

Советот на Град Скопје на претстојната седница ќе расправа за дополнување на листата на имиња на улици, плоштади, мостови и на други инфраструктурни објекти на подрачјето на Град Скопје. Меѓу предложените личности според кои во иднина може да се именуваат улици во главниот град се: музичките групи „Леб и сол“, „Лева патика“ и „Бис-без“, светските рок-икони Дејвид Боуви и Френк Запа, скопскиот легендарен Кројач Ангелковски, неодамна починатиот политичар Фаик Абди, американскиот астронаут Нил Армстронг, косовскиот политичар Ибрахим Ругова, српскиот и југословенски актер Љубиша Самарџиќ, Шабан Трстена, Кензо Танге, Зигмунд Фројд и Свети Сава.

Со усвојувањето на ова дополнување, постоечкиот регистер на имиња се предлага да биде дополнет со вкупно 571 име. Листата опфаќа имиња на истакнати личности од областа на градското, националното и светското културно и историско наследство, поважни настани од македонската и светската историја, имиња дадени според топоними на градови во земјата и регионот и други имиња.

Со ова дополнување на листата предвидено е да се зголеми бројот на имиња на женски личности и настани кои оставиле белег во историски и културен контекст, како и на припадниците на немнозинските заедници кои живеат во Скопје, но и на бројот на топоними со регионално и светско значење.

Од вкупно 571 име, 479 се имиња на истакнати личности од кои 79 се имиња на жени, додека, пак, останатите 92 имиња се имиња на поими кои означуваат поважни настани, топоними и други поими. Во дополнувањето на листата вратени се и имињата на улиците од периодот на
солидарноста и изградбата на повоено Скопје, а кои беа отстранети со претходни одлуки на Советот на градот.

Град Скопје спроведе онлајн анкета во летото 2019 година на која граѓаните ги дадоа своите предлози за имиња на градските улици, а листата беше дополнета и со други формално доставени иницијативи.

Во листата се вклучени имињата на народни херои и други носители на позначајни државни одликувања, познати личности и настани од светската историја, имињата на скопските градоначалници, ректори на скопскиот универзитет, академици, државници, стопанственици, научници, спортисти, уметници и др.

Согласно Законот за определување на имињата на улици, плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти Името на улица, плоштад, мост и на друг инфраструктурен објект може да биде определено со географско, етнографско, историско и друго обележје, име на истакната личност од областа на историјата, науката и културата, други погодни имиња, како и име на значаен настан и датум, врз основа на листа на имиња.

Законот предвидува две одделни постапки за утврдување на имиња и нивно задавање не конкретни топоними. Листата на имиња ја утврдува Советот на Град Скопје, по претходно добиена согласност од Владата. При утврдувањето на листата на имиња од страна на Советот на градот Скопје, општините од подрачјето на градот Скопје даваат мислење по неа.

По добиената согласност од Владата Советот на Град Скопје ја усвојува листата, а дури потоа може да се пристапи кон менување на конкретни имиња на улици, плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти, коишто се менуваат со посебни одлуки на Советот.

Сите идни промени на имиња на улици, плоштади, мостови и на други инфраструктурни објекти на подрачјето на Град Скопје согласно овој закон предвидено е да се црпат исклучиво од оваа листа.

Промовирани огласи »

Моментално кај нас можете да најдете повеќе од 400 отворени работни позиции, но овој пат ги издвоивме најатрактивните огласи меѓу кои можеби се наоѓа вашата работа од соништата.

Прочитајте што точно бараат овие 3 компании. 

Magna International Inc. е водечки автомобилски набавувач посветен на создавање нови решенија и технологија за мобилност кои ќе го променат светот.

Имаат отворено 4 работни позиции:

PRODUCTION PLANNING AND PROCUREMENT

MOLDING MANAGER

SQA - SUPPLIER QUALITY ASSURANCE

HSE COORDINATOR

AIM Management DOOEL е компанија која нуди стабилност и можност за развивање, можност за надградба на професионален план и одлични услови за работа. 

Имаат отворено 3 работни позиции:

ЕЛЕКТРОИНЖЕНЕР

АРХИТЕКТ

ГРАДЕЖЕН ИНЖЕНЕР - СТАТИЧАР

Vita Media Group е лидер во светот на iGaming, генерирање лидови и партнерски маркетинг. 

Имаат отворено дури 5 работни позиции за да го прошират својот тим. 
 
 
 
 

Промовирани огласи »

Владата денешната 45-та седница ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за месец февруари 2021 година и го задолжи Фондот на пензиското и инвалидското осигурување најдоцна до 24 овој месец да ги достави податоците за пензиите до деловните банки, на кои им се препорачува да обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, во четири групи.

За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 25 февруари, за пензии со висина од 11.001 до 14.000 денари на 26 февруари, за пензии со висина од 14.001 до 18.000 денари на 1 март и за пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 2 март, се наведува во соопштението од владината седница.

Промовирани огласи »

Возбудата кога започнувате нова работа е неодминлива, дури и да сте искусен професионалец. Но, веројатно не треба да зборуваме дека со такво ниво на возбуда често доаѓа до огромна вознемиреност. Секој пат кога ќе започнете со работа во нова компанија, сигурно си помислувате: „Навистина се надевам дека нема да ја скршам оваа скапа машина за кафе и да направам огромен неред“.

Премногу размислувате околу тоа колку рано смеете да заминете од работа

Сигурно многумина од вас веруваат дека не треба да си одат порано од шефот. И, иако не велиме дека е во ред да го напуштате работното биро секој ден во 3 часот попладне, сметаме дека е фер да се каже дека не треба да бидете последната личност што ќе си оди од работа само за да бидете последни на листата за отказ од работа.

Во минатото, сте биле сведоци на „параноични“ колеги во врска со одењето од работа „премногу рано“ кои оделе кај шефовите и ги прашувале дали е во ред ако си одат порано дома. Дури и во најстрогите работни средини, менаџерите ќе те погледнат како да си луда личност. На крајот на краиштата, ние сме возрасни. Значи, сè додека не оставите ништо итно незавршено, веројатно нема да изгубите поени кај шефот за одење порано од работа откако ќе ги завршите обврските за тој ден.

Меѓутоа, ако сте навистина загрижени, дозволено е да го прашате вашиот менаџер за типичното работно време на тимот. Иако е многу малку веројатно сите да функционираат по истиот распоред, ќе добиете чувство за тоа кога е „во ред“ да се дојде и да се оди од работа.

Премногу размислувате за тоа дали поставувате многу прашања

Веруваме дека голема бројка од вас, понекогаш помислуваат дека го трошат времето на колегите и делуваат неспособно со тоа што поставуваат премногу прашања. Она што на крајот треба да го научиме е дека навистина оставате подобар впечаток поставувајќи повеќе прашања затоа што така ќе имате можност за побрзо да стигнете до саканата позиција зашто ќе научите многу во краток период. Значи, ако не сте сигурни за тоа што го работите во моментов, не плашете се да прашате. Навистина едноставно, нели? 

Премногу размислувате што зборувате пред вашите колеги

Секако, можеби не е генијална идеја да се појавите на вашето ново работно место и да започнете да му кажувате на секој што ќе го видите како сте изеле 50 пилешки прсти за време на викендот. Меѓутоа, ако случајно издадете ситни детали во врска со некој чуден настан од вашиот викенд, запомнете го ова: Повеќе не сте на интервју за работата. Вие всушност ја добивте работата. Значи, иако некои од вашите нови колеги може да помислат дека имате некои сомнителни кулинарски афинитети, не треба да се грижите многу за тоа дали ќе ве задржат на работа или не.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »