Возбудата кога започнувате нова работа е неодминлива, дури и да сте искусен професионалец. Но, веројатно не треба да зборуваме дека со такво ниво на возбуда често доаѓа до огромна вознемиреност. Секој пат кога ќе започнете со работа во нова компанија, сигурно си помислувате: „Навистина се надевам дека нема да ја скршам оваа скапа машина за кафе и да направам огромен неред“.
Премногу размислувате околу тоа колку рано смеете да заминете од работа
Сигурно многумина од вас веруваат дека не треба да си одат порано од шефот. И, иако не велиме дека е во ред да го напуштате работното биро секој ден во 3 часот попладне, сметаме дека е фер да се каже дека не треба да бидете последната личност што ќе си оди од работа само за да бидете последни на листата за отказ од работа.
Во минатото, сте биле сведоци на „параноични“ колеги во врска со одењето од работа „премногу рано“ кои оделе кај шефовите и ги прашувале дали е во ред ако си одат порано дома. Дури и во најстрогите работни средини, менаџерите ќе те погледнат како да си луда личност. На крајот на краиштата, ние сме возрасни. Значи, сè додека не оставите ништо итно незавршено, веројатно нема да изгубите поени кај шефот за одење порано од работа откако ќе ги завршите обврските за тој ден.
Меѓутоа, ако сте навистина загрижени, дозволено е да го прашате вашиот менаџер за типичното работно време на тимот. Иако е многу малку веројатно сите да функционираат по истиот распоред, ќе добиете чувство за тоа кога е „во ред“ да се дојде и да се оди од работа.

Премногу размислувате за тоа дали поставувате многу прашања
Веруваме дека голема бројка од вас, понекогаш помислуваат дека го трошат времето на колегите и делуваат неспособно со тоа што поставуваат премногу прашања. Она што на крајот треба да го научиме е дека навистина оставате подобар впечаток поставувајќи повеќе прашања затоа што така ќе имате можност за побрзо да стигнете до саканата позиција зашто ќе научите многу во краток период. Значи, ако не сте сигурни за тоа што го работите во моментов, не плашете се да прашате. Навистина едноставно, нели?
Премногу размислувате што зборувате пред вашите колеги
Секако, можеби не е генијална идеја да се појавите на вашето ново работно место и да започнете да му кажувате на секој што ќе го видите како сте изеле 50 пилешки прсти за време на викендот. Меѓутоа, ако случајно издадете ситни детали во врска со некој чуден настан од вашиот викенд, запомнете го ова: Повеќе не сте на интервју за работата. Вие всушност ја добивте работата. Значи, иако некои од вашите нови колеги може да помислат дека имате некои сомнителни кулинарски афинитети, не треба да се грижите многу за тоа дали ќе ве задржат на работа или не.