Промовирани огласи »

Владата денешната 45-та седница ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за месец февруари 2021 година и го задолжи Фондот на пензиското и инвалидското осигурување најдоцна до 24 овој месец да ги достави податоците за пензиите до деловните банки, на кои им се препорачува да обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, во четири групи.

За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 25 февруари, за пензии со висина од 11.001 до 14.000 денари на 26 февруари, за пензии со висина од 14.001 до 18.000 денари на 1 март и за пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 2 март, се наведува во соопштението од владината седница.

Промовирани огласи »

Возбудата кога започнувате нова работа е неодминлива, дури и да сте искусен професионалец. Но, веројатно не треба да зборуваме дека со такво ниво на возбуда често доаѓа до огромна вознемиреност. Секој пат кога ќе започнете со работа во нова компанија, сигурно си помислувате: „Навистина се надевам дека нема да ја скршам оваа скапа машина за кафе и да направам огромен неред“.

Премногу размислувате околу тоа колку рано смеете да заминете од работа

Сигурно многумина од вас веруваат дека не треба да си одат порано од шефот. И, иако не велиме дека е во ред да го напуштате работното биро секој ден во 3 часот попладне, сметаме дека е фер да се каже дека не треба да бидете последната личност што ќе си оди од работа само за да бидете последни на листата за отказ од работа.

Во минатото, сте биле сведоци на „параноични“ колеги во врска со одењето од работа „премногу рано“ кои оделе кај шефовите и ги прашувале дали е во ред ако си одат порано дома. Дури и во најстрогите работни средини, менаџерите ќе те погледнат како да си луда личност. На крајот на краиштата, ние сме возрасни. Значи, сè додека не оставите ништо итно незавршено, веројатно нема да изгубите поени кај шефот за одење порано од работа откако ќе ги завршите обврските за тој ден.

Меѓутоа, ако сте навистина загрижени, дозволено е да го прашате вашиот менаџер за типичното работно време на тимот. Иако е многу малку веројатно сите да функционираат по истиот распоред, ќе добиете чувство за тоа кога е „во ред“ да се дојде и да се оди од работа.

Премногу размислувате за тоа дали поставувате многу прашања

Веруваме дека голема бројка од вас, понекогаш помислуваат дека го трошат времето на колегите и делуваат неспособно со тоа што поставуваат премногу прашања. Она што на крајот треба да го научиме е дека навистина оставате подобар впечаток поставувајќи повеќе прашања затоа што така ќе имате можност за побрзо да стигнете до саканата позиција зашто ќе научите многу во краток период. Значи, ако не сте сигурни за тоа што го работите во моментов, не плашете се да прашате. Навистина едноставно, нели? 

Премногу размислувате што зборувате пред вашите колеги

Секако, можеби не е генијална идеја да се појавите на вашето ново работно место и да започнете да му кажувате на секој што ќе го видите како сте изеле 50 пилешки прсти за време на викендот. Меѓутоа, ако случајно издадете ситни детали во врска со некој чуден настан од вашиот викенд, запомнете го ова: Повеќе не сте на интервју за работата. Вие всушност ја добивте работата. Значи, иако некои од вашите нови колеги може да помислат дека имате некои сомнителни кулинарски афинитети, не треба да се грижите многу за тоа дали ќе ве задржат на работа или не.

Промовирани огласи »

Германски пратеници бараат да се укине олеснетото вработување на работници од Балканот

Да се прекине со праксата лошо платени балкански работници да ги намалуваат платите во ниско платените сектори во германската економија

Германската десничарска екстемистичка партија АФД бара да се укине правото за Западен Балкан за внесување неквалификувана работна сила во Германија, овој предлог наиде на отпор од сите други парламентарни фракции во Бундестагот, кои што едногласно овјавија дека го отфрлаат предлогот.

АФД сака да се укине ова правило за да можат германските работници да ја добијат работата, како и да се запре практиката на, како што тврдат, лошо платени балкански работници да ги намалуваат платите во ниско платените сектори во германската економија. Волфганг Штренгман Кун, пратеник од Зелените, рече дека предлогот на АФД е мешавина од незнаење на економијата и нетолеранција кон странците.

Типично за вас, вие вградивте омраза кон странците во вашиот предлог, што го поддржавте со квази аргументи кои немаат никаква врска со реалноста – рече тој и потсети на истражувањето на независните институти, кои оценија дека правилото не ја загрозува домашната сила, и помага на германската економија, не доведува до намалување на платите и не го оптеретува социјалниот систем на Германија.

Да го прочитавте тоа, ќе ви беше од корист, бидејќи таму има премногу факти – рече Кун.

Јоханес Фогел од германските либерали истакна дека овој предлог ги разоткрива лажните грижи на АФД за неколку наредби во областа на имиграцијата, со цел да се обиде да одземе некои гласови од гласачите од политичкиот центар.

Маските паднаа денес затоа што „црно на белото“ тука покажува дека АФД е против каква било имиграција, дури и кога е неспорно во прилог на германската економија. Тие не сакаат правила за имиграција, туку да ги искажат своите чувства кон граѓаните на БиХ или кон другите луѓе од таа област, и тоа треба јасно да се каже – рече Фогел.

Макс Штраубигер, член на баварскиот ЦСУ, рече дека предлогот на АФД е бесмислен бидејќи не е усвоен затоа што го барале работници од Балканот, туку германски работодавци и потсети дека предноста ја имаат домашните и европските работници.

Би било одлично ако прво го прочитате правилото. Работни места се плаќаат на работници од Западен Балкан кои се плаќаат во согласност со платата предвидена за таа одредена гранка. Тоа значи дека на 45-годишен работник од Балканот, вработен во согласност со својата професија, мора да му се исплатат 3.905 евра бруто, а не како што зборувате, дека балканците ги туркаат надолу платите на германските работници – кажа Штраубигер.

Во следната парламентарна фаза, овој предлог ќе биде дискутиран од страна на комисиите, а потоа ќе биде ставен на последно гласање.

Промовирани огласи »

Годинава нема да се плаќа персоналец за К-15 над минималната сума

Нема персоналец за К-15 над минималната сума за работниците

Компаниите кои годинава на своите работници ќе им исплатат К-15 во висина над минимално утврдената, односно повисока од 40 проценти од просекот на трите последни објавени републички плати, ќе бидат ослободени од плаќање данок за тие средства.

Ова било пренесено од владините претставници при презентацијата на петтиот пакет економски мерки на седницата на Економско-социјалниот совет во понеделникот. Претседателот на ССМ Дарко Димовски за весникот ВЕЧЕР вели дека ова е добро, стимулативно решение за работодавците да исплатат повисок регрес за годишен одмор. Освен ова, вели тој, со средствата што ќе им останат од неплатениот персоналец ќе можат да ги стимулираат работниците.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »