Промовирани огласи »

Програма на неработни денови за 2021 година:

Согласно со Законот за празниците на Република Македонија (Сл.весник на РМ број 21/98 и 18/07) во 2021 година неработни денови се:

За сите граѓани на РМ

  • 01 мај се паѓа во сабота и се одбележува Ден на трудот.
  • 03 мај (понеделник) е Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар.
  • 13 мај (четврток), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам, 24 мај (понеделник) „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители.
  • На 02 август (понеделник), Ден на Републиката, додека на 8 септември (среда) се одбележува Ден на независноста, а 11 октомври (понеделник), Ден на народното востание.
  • На 23 октомври (сабота), Ден на Македонската Револуционерна Борба, а 8 декември (среда), “Св. Климент Охридски”,

За граѓаните од православна вероисповед:

  • 30 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден, 18 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден, 28 август (сабота), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).

За граѓаните од католичка вероисповед

• 05 Април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден,
• 01 ноември (понеделник), Празникот на сите светци,
• 25 декември (сабота), првиот ден на Божик.

За граѓаните од муслиманска вероисповед
• 20 Јули (вторник), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам,

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ – 22 ноември (понеделник), Ден на Албанската азбука,

За граѓаните припадници на српската заедница во РМ- 27 јануари (среда), Свети Сава.

За граѓаните припадници на ромската заедница во РМ – 08 април (четврток), Меѓународен ден на Ромите,

За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ – 23 мај (недела), Национален ден на Власите,

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ – 16 септември (четврток), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур, за граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ – 28 септември (вторник), Меѓународен ден на Бошњаците, За граѓаните припадници на турската заедница во РМ – 21 декември (вторник), Ден на настава на турски јазик.

Тагови: неработни денови

Промовирани огласи »

Покрај личните причини и причината на вина, како основани причини поради кои работодавачот може да го откаже договорот за вработување се и деловните причини (технолошки, економски, организациони и слични промени). Според член 96 од Законот за работни односи, работодавачот, пред да го откаже договорот за вработување од деловни причини, поради кои престанува потребата од вршење на определена работа, може на работникот да му понуди:

вработување кај друг работодавач без огласување, со преземање и склучување договор за вработување за вршење на работи кои одговараат на неговата стручна подготовка, стручно оспособување, нов договор за вработување.

Според законот, во случај на откажување на договорот за вработување од деловни причини, работодавачот е должен на работникот да му исплати испратнина, и тоа:

до 5 години поминати во работен однос – во висина од една нето плата, од 5 до 10 години поминати во работен однос – во висина од две и пол нето плати, од 10 до 15 години поминати во работен однос – во висина од три и пол нето плати, од 15 до 20 години поминати во работен однос – во висина од четири и пол нето плати, од 20 до 25 години поминати во работен однос – во висина од шест нето плати
над 25 години поминати во работен однос – во висина од седум нето плати.

Испратнината се исплатува со денот на престанокот на работниот однос.

Основицата за пресметка на испратнината е просечната плата на работникот во последните 6 месеци пред отказот, но истата да не биде помала од 50% од просечната нето плата исплатена по работник во земјата во последниот месец пред отказот.

Промовирани огласи »

Наскоро започнува имунизацијата со кинеските вакцини

Наскоро пристигнуваат првите вакцини во Македонија. Кој е вашиот став? Дали би се вакцинирале со кинеската вакцина?

В понеделник ќе се потпише договорот за набавка на 200 илјади вакцини за Ковид-19 од Кина. По потпишувањето, очекувањата на здравствените власти се дека за најкраток можен временски рок тие ќе стигнат во земјава. Покрај кинеските вакцини земјава обезбеди 800 илјади вакцини од КОВАКС системот и за исто толку се разговара и со компанијата „Фајзер“. Според министерот за здравство Венко Филипче првата количина вакцини е сосем доволна за еден процес на вакцинација што ќе трае четири до шест, седум недели.

Изминатите денови е адаптиран и националниот план за имунизација. Националниот оперативен план за вакцинација го изготвила националната техничка работна група за Ковид-19 во МЗ, тековно ќе се ажурира согласно динамиката на пристигнување на вакцините во земјава и спроведување на вакцинацијата, во зависност од количините, типот, спецификите. Вакцинацијата ќе се врши преку постоечката здравствена мрежа и вакцинални пунктови. Направен е детален план за транспорт од аеродром до сите места каде што вакцините се складираат, економските оператори и Здравствениот дом во Скопје, но и план за дистрибуција до вакциналните пунктови, како и начинот на спроведување на вакцинацијата.

Министерот вчера на прес-конференција изјави дека е потврден капацитетот на ладните соби за чување со цел да бидеме сигурни дека може да се прими и складира целата количина на вакцини.

– Оваа вакцина се чува и се дистрибуира на температура од 2 до 8 степени, што значи дека сите веледрогерии и компании и здравствени домови кои ќе бидат за складирање и транспорт на вакцините имаат капацитет и возила за чување и транспортирање на тие вакцини. Со тоа системот е целосно подготвен вакцините да се преземат од аеродромот и соодветно се складираат, информира Филипче.

На дневно ниво тој очекува да се вакцинираат од две илјади до 2 500 граѓани. Вакцината, појаснува, е во форма на претходно наполнет инекциски шприц и со тоа на некој начин се олеснува апликацијата. За секој граѓанин кој ќе ја прими првата доза веднаш ќе биде резервирана и втора што треба да се прими после 21 ден што значи дека со оваа пратка имаме вакцини за 100 илјади лица.

Согласно планот први се вакцинираат сите лица од најризичната група, која е поделена на две групи – во првата се здравствените работници кои работат во Ковид центри со ковид пацинети, во втората се сите граѓани над 70 години.

Во втората фаза се вакцинираат лицата постари од 65 години, лица од 18 до 64 со коморбидитети или здравствени состојби со висок ризик, здравствените работници од Институтот за јавно здравје и Центрите за јавно здравје, фармацевтите, стоматолозите и другиот здравствен персонал, вработени во други витални институции, критична инфраструктура и новинарите, вработени во образовните институции и градинки. Во третата фаза останатите преостанати лица од повеќе групи од други важни дејности како прехрана, транспорт, производство на лекови, комунална хигиена, банкарски сектор, земјоделие, останати вработени во образование во здравство со низок ризик на зараза, лица кои што не можат да одржуваат физичка дистанца и на крајот сите граѓани кои сакаат да примат вакцина на возраст од 18 до 64 години.

Филипче вчера рече дека нема резерва кон ниту една вакцина и оти би се вакцинирал меѓу првите со која било вакцина што прва ќе пристигне во земјата. Во однос на вакцините што треба да пристигнат од Србија, тој рече дека се уште ги чекаат и двата документи, односно дозволата за извоз од Србија и нашиот драфт документ. Вакцината на Астра Зенека според најавата од системот КОВАКС треба да пристигне во март.

Следната недела најверојатно ќе биде објавена веб-страната што ќе биде од информативна природа и ќе го содржи делот за пријава, односно за изразување на интерес за вакцинација. Кога веб-страната ќе биде достапна, пријавувањата можат да започнат веднаш. Пријавувањето ќе се одвива со внесување на личните податоци, граѓаните ќе се идентификуваат и ќе добијат одоговор на електронската пошта што ќе ја остават дека е примена нивната пријава и можат да очекуваат повик од матичен лекар за терминот кога ќе биде закажана вакцинацијата, соодветно групата во која спаѓаат, дефинирана во Националниот план.

Бројот на новозаразени од Ковид-19 вчера порасна за 404 случаи од направени 2.727 тестирања. Починаа осум лица од кои најмладиот е на 53 -годишна возраст. Оздравеа 101 пациент.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 94.599, бројката на оздравени пациенти е 83.735, а на починати е 2.916. Бројот на активни случаи изнесува 7.948. Досега направени се вкупно 468.845 тестирања на Ковид-19.

Промовирани огласи »

Провете си ги сметките – почнува исплатата на повратот на ДДВ

Пари ќе легнат на сметките на граѓаните

Управата за јавни приходи ја започна исплатата на повратот на ДДВ кај физичките лица за скенираните фискални сметки во последниот квартал од 2020. Се враќаат парите за скениратени сметки во октомври, ноември и декември 2020 година.

За овој квартал, според податоците на УЈП, на граѓаните ќе им бидат вратени 6,1 милион евра за скенираните сметки во октомври, ноември и декември 2020 година преку апликацијата МојДДВ.

Во ова последно тримесечје од 2020 година, граѓаните скенирале 67.272.456 фискални сметки, вкупниот промет е 33,398,562,346 денари , а на граѓаните ќе им се вратат околу 382 милиони денари или околу 6,1 милион евра.

Заради навремена исплата на средствата за четвртото тримесечје за 2020 година, од УЈП апелираат граѓаните да внесат точна и лична трансакциска сметка, а оние кои немаат одобрен кориснички профил во ЕПДД истото да го сторат односно да појдат до најблиската даночна канцеларија со документ за лична идентификација со цел службено лице на УЈП да го одобри и активира профилот на ЕПДД.

Од направената проверка и анализа, Управата за јавни приходи утврди дека 5 506 граѓани во апликацијата МојДДВ имаат внесено погрешна трансакциска сметка, а 334 граѓани немаат одобрен кориснички профил во ЕПДД што е услов за користење на апликацијата МојДДВ.

Лимитот за поврат на ДДВ за едно физичко лице во едно тримесечие изнесува 1.800 денари. Се скенираат сите фискални сметки со максимален износ до 30.000 денари. Повратот на средствата е 20 отсто од прикажаниот ДДВ за домашни производи и услуги и 10 отсто за странски. Проектот се спроведува од јули 2019 година.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »