Промовирани огласи »

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска соопшти дека војниците кои ќе навршат 45 години возраст доколку не сакаат да продолжат со рбаота во државна институција ќе можат да изберат опремнина од 1.000 евра за секоја година помината во Армијата.

„Оние војници кои имале 15 години стаж ќе добијат 15.000 евра. Доколку работеле 25 години, тоа се 25.000 евра за нов почеток“, рече министерката.

Таа се заблагодари на Синдикатот на одбраната за заедничкото решавање на прашањето на уште една категорија војници во Армијата.

Промовирани огласи »

Оваа година граѓаните ќе можат да аплицираат за станбен кредит од државата, преку поектот „Купи куќа купи стан“ на Министерството за финансии.

„Објавен е јавен повик согласно кој граѓаните ќе можат да поднесат барање заклучно 31 декември 2021 година за државна субвенција на учеството или месечната рата за купување на стан или на куќа. Субвенцијата се одобрува за станбен кредит до 50.000 евра, чиј рок на отплата не е пократок од 20 години и истата може да достигне и до 20.000 евра, согласно избраниот модел на субвенционирање и висината на кредитот. Согласно избраниот модел субвенционираниот период може да биде и до 11 години.

Граѓаните можат да аплицираат за 6 различни модели кои нудат различни поволности согласно тоа дали аплицираат за субвенционирање на месечна рата на кредитот или за учество, во зависност од тоа дали ап купување на стан или куќа и во зависност од возраста. Повеќе за моделите може да се види на прирачникот објавен на веб-страната на Министерството за финансии.

Каматната стапка за станбениот кредит преку проектот е исто така исклучително поволна. За моделите каде се субвенционира ратата за првите 3 години изнесува 2,9 проценти, а за четвртата и петатта година 3,9 проценти. Кај моделите каде се субвенционира учеството, каматата изнесува 4 проценти за цело времетраење на отплатата плус 6-месечен еурибор. Дополнителна поволност која ја дава проектот за корисниците е дека за секое новородено или посвоено дете ќе добијат дополнителна едногодишна субвенција на месечната рата во висина од 30 проценти,“ се вели во соопштението. Во него се додава дека за проектот може да аплицираат лица кои се или не се во брак, a кои ги исполнуваат следните услови: не смеат да имаат стан или куќа на свое име или на име на брачниот другар, месечните приходи не смеат да надминуваат 900 евра доколку не се во брак или 1.300 евра доколку се во брак, продажната цена на станбениот објект мора да биде до 900 евра за метар квадратен и станот и куќата кои се купуваат или градат мора да бидат новоградба, односно да се купат од инвеститор или изведувач. Исто така станбената површина не смее да надминува 150 м2.

„Сите заинтересирани граѓани кои ги исполнуваат овие услови и се кредитноспособни согласно условитe можат да аплицираат во една од осумтте банки кои учествуваат во проектот: Тутунска банка, Стопанска банка, Шпаркасе банка, Стопанска банка-Битола, Силк Роуд банка, ТТК банка, Охридска банка и Прокредит банка. Минатата година преку проектот се одобрени 278 барања за субвенциониран станбен кредит, од коишто 259 за купување нов стан, а 19 за изградба на куќа. Вкупно од почетокот на проектот досега одобрени се 1.693 барања за купување на стан или куќа, или скоро 1700 граѓани или семејства преку проектот дошле до сопствен дом,“ се додава во соопштението.

Промовирани огласи »

Министерот за Економија, Крешник Бектеши, неодмна во јавноста излезе со изјава дека се донесува закон за сите странски возила кои што се наоѓаат на територијата на Република Македонија дека ќе имаат можност да платат царина од само 50% од сумата.

Донесувањето на Законот за регистрација на возила со странски регистарски таблици на територијата на Република Македонија, е со цел постојните возила кои се управуваат од страна на сопствениците кои се наоѓаат во територијата на Република Македонија и се со странски регистарски таблици, а се влезени во територијата пред 01. Октомври 2020 година, да им се овозможи да се регистрираат согласно овој закон, со давачки кои се намалуваат за 50% од утврдената вредност на сите давачки кои се наплатуваат при увоз од страна на надлежните државни органи.

Но, реалноста е многу поинаква. Илјадници граѓани почнаа царинска постапка за своите возила каде што се соочуваат со проблеми и никој не им дава објаснување зошто на царина не поминува ни едно возило со намалени давачки на 50% како што ветуваше Министерот Бектеши. Царинските службеници ги праќаат граѓаните да извадат таканаречена „Потврда за сообразност за возилото“ од бирото за метрологија како услов за плаќање на царина на 50% од вкупната сума. Во бирото за метрологија пак на граѓаните им соопштуваат дека таа потврда се издава на веќе царинето возило и не можат да издадат таква потврда.

Во време на пандемија, илјадници граѓани секојдневно чекаат редици по шалтерите на царинските испостави, шпедиции и технички прегледи за да ги платат трошоците за возилата и да си ги регистрираат во Република Македонија.

И покрај донесениот закон, Службен весник на Р.М. бр:305/2020 од 22.12.2020, а кој почна да се применува од 11.01.2021, одговор од никој не добиваат, велат дека сите си ги креваат рамениците и само ги шетаат од институција до институција.

Се поставува прашањето дали и кога ќе се договорат Министерството за екомија со царинската управа и бирото за метрологија. Граѓаните изреволтирани прашуваат каде е проблемот што никој не знае да каже каква е оваа игра, на веќе донесен закон кој е стапен на сила само се префрла „топката“ и се стои во место, никој не превзема одговорност а има и определен рок во законот каде што треба да се заврши оваа предвидена постапка.

Промовирани огласи »

Креирањето на вашата кратка биографија може да биде стресно. Но, што ако навистина можете да составите CV за 15 секунди или помалку?

Иако постојан многу ресурси кои можат да им помогнат на барателите на работа да креираат своја кратка биографија, еден од наједноставните начини да го направите тоа е преку LinkedIn доколку веќе имате свое портфолио на оваа апликација. Еве што треба да направите:

1. Влезете во вашата сметка на LinkedIn. 2. Кликнете на паѓачкото копче „Me“ во горниот десен агол и кликнете „View Profile“.

3. Кликнете на копчето „More“ во воведната картичка (во делот под сликата на вашиот профил). 4. Кликнете на „Save to PDF“. И баш така, имате биографија!

Имајте на ум дека само зборовите напишани на англиски јазик ќе бидат прикажани правилно. И ќе ви треба премиум претплата за да изберете кои делови да ги вклучите во PDF.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »