Промовирани огласи »

Министерот за Економија, Крешник Бектеши, неодмна во јавноста излезе со изјава дека се донесува закон за сите странски возила кои што се наоѓаат на територијата на Република Македонија дека ќе имаат можност да платат царина од само 50% од сумата.

Донесувањето на Законот за регистрација на возила со странски регистарски таблици на територијата на Република Македонија, е со цел постојните возила кои се управуваат од страна на сопствениците кои се наоѓаат во територијата на Република Македонија и се со странски регистарски таблици, а се влезени во територијата пред 01. Октомври 2020 година, да им се овозможи да се регистрираат согласно овој закон, со давачки кои се намалуваат за 50% од утврдената вредност на сите давачки кои се наплатуваат при увоз од страна на надлежните државни органи.

Но, реалноста е многу поинаква. Илјадници граѓани почнаа царинска постапка за своите возила каде што се соочуваат со проблеми и никој не им дава објаснување зошто на царина не поминува ни едно возило со намалени давачки на 50% како што ветуваше Министерот Бектеши. Царинските службеници ги праќаат граѓаните да извадат таканаречена „Потврда за сообразност за возилото“ од бирото за метрологија како услов за плаќање на царина на 50% од вкупната сума. Во бирото за метрологија пак на граѓаните им соопштуваат дека таа потврда се издава на веќе царинето возило и не можат да издадат таква потврда.

Во време на пандемија, илјадници граѓани секојдневно чекаат редици по шалтерите на царинските испостави, шпедиции и технички прегледи за да ги платат трошоците за возилата и да си ги регистрираат во Република Македонија.

И покрај донесениот закон, Службен весник на Р.М. бр:305/2020 од 22.12.2020, а кој почна да се применува од 11.01.2021, одговор од никој не добиваат, велат дека сите си ги креваат рамениците и само ги шетаат од институција до институција.

Се поставува прашањето дали и кога ќе се договорат Министерството за екомија со царинската управа и бирото за метрологија. Граѓаните изреволтирани прашуваат каде е проблемот што никој не знае да каже каква е оваа игра, на веќе донесен закон кој е стапен на сила само се префрла „топката“ и се стои во место, никој не превзема одговорност а има и определен рок во законот каде што треба да се заврши оваа предвидена постапка.

Промовирани огласи »

Креирањето на вашата кратка биографија може да биде стресно. Но, што ако навистина можете да составите CV за 15 секунди или помалку?

Иако постојан многу ресурси кои можат да им помогнат на барателите на работа да креираат своја кратка биографија, еден од наједноставните начини да го направите тоа е преку LinkedIn доколку веќе имате свое портфолио на оваа апликација. Еве што треба да направите:

1. Влезете во вашата сметка на LinkedIn. 2. Кликнете на паѓачкото копче „Me“ во горниот десен агол и кликнете „View Profile“.

3. Кликнете на копчето „More“ во воведната картичка (во делот под сликата на вашиот профил). 4. Кликнете на „Save to PDF“. И баш така, имате биографија!

Имајте на ум дека само зборовите напишани на англиски јазик ќе бидат прикажани правилно. И ќе ви треба премиум претплата за да изберете кои делови да ги вклучите во PDF.

Промовирани огласи »

Четири добри причини зошто да вработите постар работник

Тие секогаш потешко се вработуваат, но носат многу поволности во работата

Луѓето на возраст над 50 години наоѓаат работа потешко, покажуваат статистичките податоци. Повеќето шефови преферираат млади кои можат да ги научат по свој вкус и чија енергија и креативност се потпираат на нив. Сепак, ангажирањето постар вработен има свои неспорни придобивки, пишува Inc.com. Еве кои се тие:

1. Ќе добиете мудрост

Назначувањето на искусен професионалец може да ве спаси од многу грешки во иднина. Оваа личност ќе ве води низ предизвиците со кои се соочувате, ќе ви нуди совети и поголемо спокојство.

2. Различни мислења ќе ви користат.

Постарите и поискусните работници не сакаат да ја прифатат секоја изјава на нивните лидери како ирелевантна вистина. Тие нудат поинаква перспектива и на тој начин придонесуваат за донесување на правилни одлуки.

3. Вашата работа ќе се олесни.

Регрутирањето млади вработени бара многу обука, развој и, слично. Постарите професионалци се понезависни и знаат како да го направат квалитетот на работата без да поставуваат многу прашања.

4. Ќе научите нови работи.

Вработувањето луѓе со разновидни професионални средини и богата автобиографија го гради ликот на лидерите. Ако сте опкружени со луѓе кои не се разликуваат од вас, не можете да научите нешто ново. Вашата точка на гледање никогаш нема да биде критикувана и никогаш нема да ја напуштите вашата област на удобност.

Промовирани огласи »

Издаден првиот „пасош“ за вакцинација против коронавирус

Издаден е првиот „пасош“ за вакцинација против коронавирусот за да се олеснат меѓународните патувања.

Исланд го издаде првиот „пасош“ за вакцинација против коронавирусот за да ги олесни меѓународните патувања за своите граѓани кои веќе ја примиле вакцината, пренесе Гардијан.

Сите 4.800 граѓани кои примиле две дози од вакцината можат да аплицираат за дигиталниот сертификат, соопшти исландското Министерство за здравство.

Министерството додаде дека целта е да се олесни движењето на луѓето меѓу земјите, на начин што лицата кои примиле вакцина може да покажат потврда за вакцинација на граничните премини за да можат да бидат изземени од ограничувањата.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »