Промовирани огласи »

Како да реагирате кога ќе направите грешка на работното место!

Сите понекогаш правиме грешки. Научете правилно да закрепнувате и да можете да претворите лош момент во животна лекција што ќе ја гради вашата кариера.

Не постои совршенство без разлика дали сте на работа, дома или на кое било друго место. Сите понекогаш правиме грешки. Како тренер Џон Вуден, еднаш рече: „Ако не правите грешки, тогаш не правите ништо“. Меѓутоа, кога грешката ќе се случи на местото каде што заработувате за живеење, ситуацијата е малку поинаква. Кога ќе направите грешка на работа, длабоко вдишете. Она што ќе го направите следно, ќе го одреди следниот тек на ситуацијата. Научете правилно да закрепнувате и да можете да претворите лош момент во животна лекција што ќе ја гради вашата кариера. Еве како:

Гледајте ги грешките како можности за учење
Ова помага да се има правилен став уште од самиот почеток. Перфекционистите имаат потешкотии да го направат овој чекор бидејќи тие своите грешки ги гледаат како неуспеси отколку како можности за учење. Запамтете дека навистина дознавате повеќе кога ќе направите нешто погрешно отколку кога ќе го направите исправно првиот пат. Откако ќе направите грешка имате можност да ги усовршите своите практични и витални вештини. Но, перфекционизмот стои на патот на учење. Може да направи да се чувствувате толку лошо за себе кога ќе се плеткате на работа што е скоро невозможно да се опоравите , а уште помалку да научите нешто од искуството. Затоа, обидете се да се фокусирате на грешките и гледајте ги како вистински можности за учење и раст.

Поднесете добро кога другите ќе згрешат
Културата на компанијата може да игра прилично голема улога кога станува збор за тоа како грешките поминуваат на работното место. Кога и да сте во можност секогаш придонесувајте на позитивен начин во  канцеларијата. Понудете помош на вашите соработници кога се борат, бидете флексибилни и позитивни кога туѓа грешка негативно влијае на Вас. 

Очекувајте ги грешките
Ако грешките се нормален дел од животот, тогаш зошто сте толку изненадени кога правите една?  Првиот чекор за опоравување од грешка е да не бидете тотално зачудени од тоа. Природно е да се нервирате кога ќе откриете дека сте направиле нешто лошо на работа. Но, потсетете се дека грешките навистина се нормален дел од животот. Знаете дека сигурно сте направиле грешка во одреден момент - и големи се шансите дека ќе се случат грешки и во иднина.длабоко вдишете и опуштете се. Затоа, длабоко дишете и опуштете се. Потсетете се дека овие работи се случуваат.

Фокусирајте се на решенија
Не дозволувајте да се задржувате премногу долго на негативната страна. Нервирањето и лутината во ситуација кога ќе згрешите воопшто не ви помагаат. Наместо тоа, започнете да се фокусирате на наоѓање решение. Не треба да се посветувате на ниту еден пристап, туку само разгледувајте опции за идеи. Како можете да преземете соодветна одговорност за ова? Што можете да направите за да ги исправите работите? Наместо да се задржувате на вашата грешка, започнете да се фокусирате на обидот да најдете начин да го решите проблемот. 

Оценете што се случило
Поминете некое време навистина да бидете искрени со себе за тоа што тргнало наопаку и зошто. Проценете што треба да направите поинаку во иднина за грешката да не се повтори. Разгледајте ги повратните информации на другите и сопственото знаење и навистина направете преглед на она што се случило. Брзавте од една до друга задача? Дали пропуштивте критичен чекор на патот? Ако не сакате да ја повторите својата грешка, мора навистина да разберете што тргна наопаку. Обидете се да најдете вистинска рамнотежа со ова.

Демонстрирајте раст
Постои голема разлика помеѓу тоа да се направи грешка еднаш и да се направи неколку пати. Вклучување во процесот на решавање проблеми сериозно ќе ви помогне да научите за грешките и да не ги повторувате. Оставете ја Вашата работа да зборува сама за себе. Нема потреба да го кажувате минатото и да ги потсетувате сите на Вашата грешка. Откако проблемот ќе се расчисти што е можно повеќе, оставете го зад вас. Потоа, започнете да се фокусирате на демонстрација на реален раст. Вистинските луѓе ќе забележат на крајот. Навистина е точно дека сите прават грешки. Важно е како да се опоравите од нив. 

Промовирани огласи »

Во Брисел брзината ограничена на 30 км/ч

Во Брисел, од минатиот петок-1 јануари, брзината за моторни возила е ограничена на 30 км/ч…

Во Брисел, од  минатиот петок-1 јануари, брзината за моторни возила е ограничена на 30 км/ч…

Градската администрација објави дека новото сообраќајно правило ќе важи за сите делови на градот за да помогне во намалување на бројот на несреќи и зголемување на безбедноста на патиштата.

Само неколку патишта ќе бидат ослободени од оваа регулатива, пренесува Euronews.

Мислењата на граѓаните се разликуваат по ова прашање, некои сметаат дека тоа е подобра опција, особено поради безбедноста на децата, додека некои сметаат дека ограничувањето е претерано во сите делови на градот.

Контролите се засилени низ градот, а поставени се и специјални камери.

Повеќето прекршители ќе мора да платат парична казна, а на оние што ќе ги прекршат прописите повеќе од еднаш, во некои случаи ќе им биде одземено возилото

Промовирани огласи »

Грција ја продолжи одлуката за ограничување на копнените поврзувања на земјата и за забраната за влез на државјани од трети земји до 21 јануари, јави дописничката на МИА од Атина.

Продолжената одлука на грчката Влада за „воведување мерки за привремено ограничување на копнените, воздушните и морските поврзувања на земјата, забрана за влез во земјата на државјани на трети земји, освен од државите на Европската унија и Шенген зоната“ со цел да се ограничи ширењето на заразата, веќе е објавена во Службен весник на Грција и од денеска стапи во сила.

Првиот член од одлуката се однесува на копнените граници на Грција, односно на привременото ограничување на сите копнени (патните и железничките) поврзувања од и кон Грција „од превентивни причини за заштита на јавното здравје од дополнително ширење на заразата на грчка територија, како и забрана за влез на лица на грчка територија, освен ако исполнуваат конкретни предуслови“.

За туристите и странските државјани за кои не постои забрана, дозволен е влез само преку Бугарија, односно преку граничниот премин Промахонас/Кулата и само со негативен молекуларен тест направен 72 часа пред пристигнувањето, но и доколку добијат негативен резултат од рапид тестот направен на влезот во Грција.

Од останатите гранични премини што се отворени, односно Евзони/Богородица кон Северна Македонија, Какавија кон Албанија и Кипи кон Турција, влезот во Грција е дозволен само за одредени категории и исто така со потврда за претходно направен негативен ПЦР тест и со негативен резултат од брзиот тест на самиот граничен премин направен од грчките власти.

Овие гранични премини се отворени од 7 до 23 часот, а забраната за влез во земјата не важи за грчки државјани, за лица кои имаат дозвола за престој и лица кои живеат во Грција, за влез на лица со апсолутно неопходни професионални или медицински причини за кои имаат и потребни документи, за товарните камиони, како и за транзит на болнички возила кои од Косово преку Северна Македонија влегуваат во Грција за хоспитализирање на пациенти кои припаѓаат на дипломатскиот, воениот или административниот персонал на земјите членки на ЕУ и ЕУЛЕКС на Косово.

Во однос на камионите за транспорт на стоки, отворени се седум гранични премини, четири со Бугарија, и по еден со Турција, Северна Македонија и Албанија, а за возачите не важи задолжителната потврда за негативен ПЦР тест.

Во истата одлука, во посебен член е и привремената забрана за влез во Грција на „сите државјани на трети земји, од која било влезна точка, на кој било начин и со кое било средство, вклучувајќи ги авионските, морските, железничките и патните поврзувања од превентивни причини за заштита на јавното здравје од дополнително ширење на заразата на грчка територија“.

Исклучок се земјите членки на Европската унија и Шенген зоната, како и жителите на Австралија, Јапонија, Нов Зеланд, Руанда, Јужна Кореја, Тајланд, Велика Британија, Обединетите Арапски Емирати и Сингапур.

Исто така, исклучок се и одредени категории граѓани, како што се медицинскиот персонал и здравствените работници, оние кои имаат дозвола за престој во земја членка на ЕУ или земја од Шенген зоната, членови на владини мисии, дипломати, превозници, возачи на камиони што пренесуваат стоки, транзит патници, студенти, лица кои се грижат за стари лица и лица со инвалидитет, како сезонски земјоделски работници.

Станува збор за одлуките кои континуирано се продолжуваат во изминатиот период, а беа донесени кон средината на март, кусо пред почетокот на првиот карантин во Грција.

Промовирани огласи »

Максималната брзина е ограничена на 25 км/ч. на велосипедска патека и на 5 км/ч/ на пешачка патека. Казната е 120 евра. Ако малолетник (минимум треба да има 14 години за да управува) направи прекршок, казната ќе ја плати неговиот родител - старател

Електричните тротинети станаа особено популарни последнава година, со новиот Закон за безбедност на сообраќајот и патиштата регулирани се многу делови во однос на нивното управување, како и предвидените глоби доколку не се придржувате кон правилата.

Со новиот Закон кој стапи на сила од 1 јануари 2021 година се регулира управувањето на електричните тротинети и тие мораат да се возат по велосипедска патека или велосипедска лента. Доколку не се тие изградени тогаш движењето треба да биде по пешачка патека или друга површина наменета за движење на пешаците.

Електричен тротинет може да управува лице кое навршило 14 години возраст. Возачот на електричен тротинет треба да носи заштитен шлем на главата за време на управувањето на возилото. Возач на електричен тротинет, за времето додека управува со возилото не смее да води животни

Возачот на електричен тротинет, не смее да се движи по велосипедска патека односно лента со брзина поголема од 25 km/h. Возачот на електричен тротинет, не смее да се движи по тротоар, пешачка патека односно друга површина наменета за движење на пешаци, со брзина поголема од 6 km/h.

* Ако двајца или повеќе возачи на електричен тротинет се движат во група, истите се должни да се движат еден позади друг.
* Ако на патот постои посебно уредена велосипедска патека, велосипедска лента, тротоар или пешачка патека, возачот на електричен тротинет е должен да го управува возилото по десната велосипедска патека, велосипедска лента, тротоар или пешачка патека во однос на правецот на движењето на сообраќајот.
* На велосипедска патека, велосипедска лента, тротоар или пешачка патека, уредени и обележани за сообраќај на електрични тротинети во двете насоки, истите се движат по десната страна во правецот на движењето на возилата.
* Возачот на електричен тротинет, може да се движи само по оние сообраќајни површини каде што е дозволено движење со такви возила.

Казните предвидени за прекршување на Законот се од 50 до 120 евра во зависност од тежината на прекршокот. Највисоката казна од 120 евра е предвидена доколку возите со брзина поголема од предвидената (25 км/ч. на велосипедска лента и 5 км/ч. на пешачка патека).

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »