Промовирани огласи »

Грција ја продолжи одлуката за ограничување на копнените поврзувања на земјата и за забраната за влез на државјани од трети земји до 21 јануари, јави дописничката на МИА од Атина.

Продолжената одлука на грчката Влада за „воведување мерки за привремено ограничување на копнените, воздушните и морските поврзувања на земјата, забрана за влез во земјата на државјани на трети земји, освен од државите на Европската унија и Шенген зоната“ со цел да се ограничи ширењето на заразата, веќе е објавена во Службен весник на Грција и од денеска стапи во сила.

Првиот член од одлуката се однесува на копнените граници на Грција, односно на привременото ограничување на сите копнени (патните и железничките) поврзувања од и кон Грција „од превентивни причини за заштита на јавното здравје од дополнително ширење на заразата на грчка територија, како и забрана за влез на лица на грчка територија, освен ако исполнуваат конкретни предуслови“.

За туристите и странските државјани за кои не постои забрана, дозволен е влез само преку Бугарија, односно преку граничниот премин Промахонас/Кулата и само со негативен молекуларен тест направен 72 часа пред пристигнувањето, но и доколку добијат негативен резултат од рапид тестот направен на влезот во Грција.

Од останатите гранични премини што се отворени, односно Евзони/Богородица кон Северна Македонија, Какавија кон Албанија и Кипи кон Турција, влезот во Грција е дозволен само за одредени категории и исто така со потврда за претходно направен негативен ПЦР тест и со негативен резултат од брзиот тест на самиот граничен премин направен од грчките власти.

Овие гранични премини се отворени од 7 до 23 часот, а забраната за влез во земјата не важи за грчки државјани, за лица кои имаат дозвола за престој и лица кои живеат во Грција, за влез на лица со апсолутно неопходни професионални или медицински причини за кои имаат и потребни документи, за товарните камиони, како и за транзит на болнички возила кои од Косово преку Северна Македонија влегуваат во Грција за хоспитализирање на пациенти кои припаѓаат на дипломатскиот, воениот или административниот персонал на земјите членки на ЕУ и ЕУЛЕКС на Косово.

Во однос на камионите за транспорт на стоки, отворени се седум гранични премини, четири со Бугарија, и по еден со Турција, Северна Македонија и Албанија, а за возачите не важи задолжителната потврда за негативен ПЦР тест.

Во истата одлука, во посебен член е и привремената забрана за влез во Грција на „сите државјани на трети земји, од која било влезна точка, на кој било начин и со кое било средство, вклучувајќи ги авионските, морските, железничките и патните поврзувања од превентивни причини за заштита на јавното здравје од дополнително ширење на заразата на грчка територија“.

Исклучок се земјите членки на Европската унија и Шенген зоната, како и жителите на Австралија, Јапонија, Нов Зеланд, Руанда, Јужна Кореја, Тајланд, Велика Британија, Обединетите Арапски Емирати и Сингапур.

Исто така, исклучок се и одредени категории граѓани, како што се медицинскиот персонал и здравствените работници, оние кои имаат дозвола за престој во земја членка на ЕУ или земја од Шенген зоната, членови на владини мисии, дипломати, превозници, возачи на камиони што пренесуваат стоки, транзит патници, студенти, лица кои се грижат за стари лица и лица со инвалидитет, како сезонски земјоделски работници.

Станува збор за одлуките кои континуирано се продолжуваат во изминатиот период, а беа донесени кон средината на март, кусо пред почетокот на првиот карантин во Грција.

Промовирани огласи »

Максималната брзина е ограничена на 25 км/ч. на велосипедска патека и на 5 км/ч/ на пешачка патека. Казната е 120 евра. Ако малолетник (минимум треба да има 14 години за да управува) направи прекршок, казната ќе ја плати неговиот родител - старател

Електричните тротинети станаа особено популарни последнава година, со новиот Закон за безбедност на сообраќајот и патиштата регулирани се многу делови во однос на нивното управување, како и предвидените глоби доколку не се придржувате кон правилата.

Со новиот Закон кој стапи на сила од 1 јануари 2021 година се регулира управувањето на електричните тротинети и тие мораат да се возат по велосипедска патека или велосипедска лента. Доколку не се тие изградени тогаш движењето треба да биде по пешачка патека или друга површина наменета за движење на пешаците.

Електричен тротинет може да управува лице кое навршило 14 години возраст. Возачот на електричен тротинет треба да носи заштитен шлем на главата за време на управувањето на возилото. Возач на електричен тротинет, за времето додека управува со возилото не смее да води животни

Возачот на електричен тротинет, не смее да се движи по велосипедска патека односно лента со брзина поголема од 25 km/h. Возачот на електричен тротинет, не смее да се движи по тротоар, пешачка патека односно друга површина наменета за движење на пешаци, со брзина поголема од 6 km/h.

* Ако двајца или повеќе возачи на електричен тротинет се движат во група, истите се должни да се движат еден позади друг.
* Ако на патот постои посебно уредена велосипедска патека, велосипедска лента, тротоар или пешачка патека, возачот на електричен тротинет е должен да го управува возилото по десната велосипедска патека, велосипедска лента, тротоар или пешачка патека во однос на правецот на движењето на сообраќајот.
* На велосипедска патека, велосипедска лента, тротоар или пешачка патека, уредени и обележани за сообраќај на електрични тротинети во двете насоки, истите се движат по десната страна во правецот на движењето на возилата.
* Возачот на електричен тротинет, може да се движи само по оние сообраќајни површини каде што е дозволено движење со такви возила.

Казните предвидени за прекршување на Законот се од 50 до 120 евра во зависност од тежината на прекршокот. Највисоката казна од 120 евра е предвидена доколку возите со брзина поголема од предвидената (25 км/ч. на велосипедска лента и 5 км/ч. на пешачка патека).

Промовирани огласи »

ССМ објави колку чинела синдикалната минимална кошничка во декември

Се потешко е да се задоволат потребите

Синдикалната кошница за декември чини 33.697 денари, објави Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ). За исхрана и пијалоци се трошат 14.078,27 денари или 41,78 отсто, на домување 10.817,34 денари или 32,10 проценти, на хигиена 2.386,07 денари или 7,08 отсто, на превоз 2.464,22 денари или 7,31 процент, на облека и обувки 2.159,41 денари или 6,41 отсто, на култура 1.066,79 денари или 3,17 отсто, а на одржување на здравје 724,8 денари или 2,15 проценти. Просечната исплатена нето плата во октомври 2020 година изнесуваше 27.899 денари. 

Во ноември висината на минималната кошница била 33.742 денари што е за 3.874 денари или околу 63 евра повеќе во однос на две минимални плати и покажува дека две минимални плати не се доволни за да ги покријат основните месечни трошоци на едно четиричлено семејство.

Промовирани огласи »

Филипче: „Ивермектин“ ќе стаса во земјава во следните две недели - лекот ќе се издава на рецепт

Тој оцени дека состојбата со новозаболени и хоспитализирани е стабилна.

Лекот „ивермектин“ ќе стаса во земјава во следните две недели, најави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

– „Ивермектинот“ ги помина сите фази во Министерството за здравство и во МАЛМЕД, лекот ќе се издава на рецепт од страна на матичните лекари и во болнички услови – рече Филипче.

Тој објасни дека лекот ќе се дава на три групи граѓани и кај сите ќе има различно дозирање, поради што мора да се консултира лекар за неговата употреба. Станува збор за ризични групи на работници, лица кои имале потврден контакт и луѓе кои се заболени од ковид-19. Различно дозирање има кај сите групи и затоа треба да биде под надзор на лекар, додаде Филипче.

Тој оцени дека состојбата со новозаболени и хоспитализирани е стабилна.

– Верувам дека ќе остане вака и дека прекршувањата на мерките не беа чести и не беа многу. Мислам дека сме во стабилна епидемиолошка слика во која добро се менаџира и тестирањето и хоспитализацијата, има сосема доволен број на кревети, лекари и медицински сестри – додаде Филипче.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »