Промовирани огласи »

Газдите да ги исплатат платите, а државата ќе им ги дава субвенциите отпосле

Законот уште не е усвоен во Собрание

Работодавачите да исплатат плата за октомври, а откако ќе се донесе Законот за финансиска поддршка на приватниот сектор Управата за јавни приходи ќе го корегири образецот за да им додели финансиска поддршка односно субвенција. Со четвртиот пакет мерки, Владата предвиде финансиска поддршка на приватниот сектор и стимулирање на компаниите за враќање и задржување на работниците на работните места. Овој предлог закон е во собраниска процедура и од УЈП велат дека очекуваат да биде донесен во најкраток можен рок.

„Имајќи го во предвид фактот дека законот сеуште не е донесен како и краткиот рок за поднесување на барањето за финансиска поддршка за исплата на платите на работниците, работодавачите кои имаат можност за исплата на платата, може истото да го сторат веднаш, а по донесувањето на законот ќе имаат можност да го поднесат барањето и да направат корекција на МПИН образецот за користење на финансиска поддршка за исплата на платите, велат од УЈП. 

Барањето за финансиска поддршка на работодавачите за исплата на плати ќе се поднесува до УЈП преку системот е-Даноци, a УЈП во рок од 3 дена ќе ја провери и потврди комплетноста на барањето.

Од Управата за јавни приходи објаснуваат како е подготвен системот е-Даноци. 

„Работодавачот со комплетно барање, за работниците за кои побарува финансиска поддршка, во полето 3.4б од месечната пресметка за интегрирана наплата (МПИН образец) внесува шифра 5001, а работодавачот кој може да истовремено да користи и друга мерка за субвенционирање на социјалните придонеси ја внесува соодветната шифра за ослободување и истата ја комбинира со шифрата 5001. По обработка на МПИН образецот, Управата за јавни приходи ќе го информира работодавачот-барател на финансиска поддршка за вкупниот износ на финансиската поддршка што ќе му биде исплатена за соодветниот месец, велат од УЈП.

Промовирани огласи »

Град Скопје со известување за присилна наплата на даноците

Важни информации за граѓаните

Град Скопје ги известува граѓаните дека во согласност со одредбите од Законот за даноците на имот за присилна наплата, ja почнa постапката за присилна наплата на неплатените обврски за 2019 годинa, со доставување опомени, по кои следуваше изготвување решенија за присилна наплата и нивно доставување до сите правни и физички лица коишто вршат дејност на територијата на главниот град.

„Доколку обврзниците не постапат по ваквите решенија, Град Скопје ќе започне со доставување решенија за блокада на нивните сметки по банки. Ви укажуваме дека сите даночни и таксени обврзници кои имаат заостанати и неплатени долгови, потребно е да ги подмират своите обврски“, се наведува во соопштението на градските власти.

Од таму потсетуваат дека станува збор за неплатени обврски по основ на годишниот данок на имот и комуналната такса за фирмарина за минатата година.

„Ве информираме дека секое физичко или правно лице има достапен увид во неговата финансиската картица, увид во изготвените решенија по кои е задолжен и истите може да ги печати следејќи го следниот линк“, појаснуваат од Град Скопје.

Промовирани огласи »

Што прогнозира Бил Гејтс за коронавирусот?

Како и кога ќе заврши пандемијата?

Основачот на Мајкрософт Бил Гејтс ја откри иднината на човештвото во 2021 година во интервју за Самитот на GeekWire.

Тој откри кои, според него, се причините за глобалните климатски промени на Земјата, како и кога ќе заврши пандемијата.

Гејтс верува дека состојбата со коронавирусот ќе се влоши до крајот на оваа година, но од почетокот на следната година ќе се промени на подобро.

Според него, до тогаш веќе ќе има лекови кои ќе можат успешно да се борат против инфекцијата.

Бил Гејтс тврди дека тогаш ќе се создадат повеќеклеточни антитела кои ќе го заштитат човечкото тело од вирусот.

Милијардерот е убеден дека до почетокот на следната година ќе биде одобрена барем една од вакцините што во моментот се тестираат.

Пандемијата природно ќе заврши кога сите земји, без исклучок, ќе се справат со тоа, убеден е Бил Гејтс.

Промовирани огласи »

 Научниците вработени во Шпанскиот национален совет за истражување (ЦСИК) препорачуваат луѓето да молчат во метро и јавниот превоз за да се спречи ширењето на коронавирусот.

Тие го објаснија ова мислење со фактот дека податоците укажуваат оти оваа мерка значително ќе го намали ризикот од зараза.

Со месеци експертите за епидемиологија и аеросоли ширум светот повикуваат на поостри мерки за спречување на ширење на коронавирусот низ воздухот, а покрај одржување растојание, хигиена и носење заштитни маски, се препорачува проветрување како една од клучните мерки за спречување на ширење на вирусот.

Истражувачката на ЦСИЦ, Марија Круз Мунгијон, ја истакна важноста на проветрувањето, но исто така рече дека треба да се почитува друга мерка – молчење во јавниот превоз.

– Би било идеално ако метрото иницира „постојана тишина“. Молчењето и добра соодветна маска го намалуваат ризикот. Ако зборувам на телефон или зборувам гласно затоа што е бучно во метрото, се емитуваат 50 пати повеќе аеросоли, истакна таа.

Таа објасни дека оваа мерка е многу важна, бидејќи во метро нема вентилација и оти ако некој има вирус и се вози со метро, важно е воздухот да биде што помалку загаден.

Исто така, истакнува дека оваа мерка треба да важи и за други видови јавен превоз.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »