Промовирани огласи »

Град Скопје со известување за присилна наплата на даноците

Важни информации за граѓаните

Град Скопје ги известува граѓаните дека во согласност со одредбите од Законот за даноците на имот за присилна наплата, ja почнa постапката за присилна наплата на неплатените обврски за 2019 годинa, со доставување опомени, по кои следуваше изготвување решенија за присилна наплата и нивно доставување до сите правни и физички лица коишто вршат дејност на територијата на главниот град.

„Доколку обврзниците не постапат по ваквите решенија, Град Скопје ќе започне со доставување решенија за блокада на нивните сметки по банки. Ви укажуваме дека сите даночни и таксени обврзници кои имаат заостанати и неплатени долгови, потребно е да ги подмират своите обврски“, се наведува во соопштението на градските власти.

Од таму потсетуваат дека станува збор за неплатени обврски по основ на годишниот данок на имот и комуналната такса за фирмарина за минатата година.

„Ве информираме дека секое физичко или правно лице има достапен увид во неговата финансиската картица, увид во изготвените решенија по кои е задолжен и истите може да ги печати следејќи го следниот линк“, појаснуваат од Град Скопје.

Промовирани огласи »

Што прогнозира Бил Гејтс за коронавирусот?

Како и кога ќе заврши пандемијата?

Основачот на Мајкрософт Бил Гејтс ја откри иднината на човештвото во 2021 година во интервју за Самитот на GeekWire.

Тој откри кои, според него, се причините за глобалните климатски промени на Земјата, како и кога ќе заврши пандемијата.

Гејтс верува дека состојбата со коронавирусот ќе се влоши до крајот на оваа година, но од почетокот на следната година ќе се промени на подобро.

Според него, до тогаш веќе ќе има лекови кои ќе можат успешно да се борат против инфекцијата.

Бил Гејтс тврди дека тогаш ќе се создадат повеќеклеточни антитела кои ќе го заштитат човечкото тело од вирусот.

Милијардерот е убеден дека до почетокот на следната година ќе биде одобрена барем една од вакцините што во моментот се тестираат.

Пандемијата природно ќе заврши кога сите земји, без исклучок, ќе се справат со тоа, убеден е Бил Гејтс.

Промовирани огласи »

 Научниците вработени во Шпанскиот национален совет за истражување (ЦСИК) препорачуваат луѓето да молчат во метро и јавниот превоз за да се спречи ширењето на коронавирусот.

Тие го објаснија ова мислење со фактот дека податоците укажуваат оти оваа мерка значително ќе го намали ризикот од зараза.

Со месеци експертите за епидемиологија и аеросоли ширум светот повикуваат на поостри мерки за спречување на ширење на коронавирусот низ воздухот, а покрај одржување растојание, хигиена и носење заштитни маски, се препорачува проветрување како една од клучните мерки за спречување на ширење на вирусот.

Истражувачката на ЦСИЦ, Марија Круз Мунгијон, ја истакна важноста на проветрувањето, но исто така рече дека треба да се почитува друга мерка – молчење во јавниот превоз.

– Би било идеално ако метрото иницира „постојана тишина“. Молчењето и добра соодветна маска го намалуваат ризикот. Ако зборувам на телефон или зборувам гласно затоа што е бучно во метрото, се емитуваат 50 пати повеќе аеросоли, истакна таа.

Таа објасни дека оваа мерка е многу важна, бидејќи во метро нема вентилација и оти ако некој има вирус и се вози со метро, важно е воздухот да биде што помалку загаден.

Исто така, истакнува дека оваа мерка треба да важи и за други видови јавен превоз.

Промовирани огласи »

Регулаторна одлучи: Ова се новите цени на горивата

Нова одлука - нови цени.

Регулаторната комисија за енергетика денеска ги објави новите цени на горивата кои ќе важат од полноќ.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалуваат за 0,50 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката од 26.10.2020 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 58,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 60,00 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ1), се намалуваат за 1,00 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката од 26.10.2020 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 49,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 49,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,107 ден/кг во однос на цената утврдена со одлуката од 26.10.2020 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 25,831 ден/кг.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »